Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Заедничка воена вежба на специјалците од Албанија, Косово, Хрватска и САД

by Уредник
17.10.2025
in Uncategorized

Специјалните армиски сили од Албанија, Косово, Хрватска и САД одржаа заедничка воена вежба со цел зајакнување на интероперабилноста и размена на искуства меѓу сојузничките и партнерските армии.

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинѓи, во објава на Фејсбук истакна дека ваквите активности се доказ за посветеноста кон соработката и безбедноста во регионот. Тој им упати честитки на припадниците на албанските специјални сили по повод 27-годишнината од нивното формирање, нагласувајќи дека тие се „симбол на професионализам, посветеност и достоинство на вооружените сили и извор на национална гордост“.

Албанските медиуми јавуваат дека вежбата е уште еден показател за стратешката соработка меѓу земјите-членки на НАТО и нивните партнери, додавајќи дека Косово, иако не е членка на Алијансата, активно учествува во заеднички обуки и вежби.

Во март годинава, министрите за одбрана на Албанија, Хрватска и Косово – Пиро Венгу, Иван Анушиќ и Ејуп Маќедонци – во Тирана потпишаа трилатерален договор за зајакнување на одбранбените капацитети, унапредување на воената индустрија и развивање на соработката преку образование, обука и заеднички вежби.

Според заедничката оценка на министрите, ваквите чекори се неопходни поради геополитичките и безбедносните предизвици во Југоисточна Европа, како и за спротивставување на надворешните влијанија во регионот. Целта е стабилен, безбеден и предвидлив регион во кој соработката ќе биде основа за траен мир.

Next Post

Продановски: Во недела одлучуваме за иднината на Прилеп – време е за вистинскиот избор (ВИДЕО)

Димитриеска Кочоска од Вашингтон: Време е за вистинскиот избор – број 9

Препорачани Вести

Меџити: ВЛЕН со заеднички кандидати и листи на локалните избори

1 year ago
НАТО ќе го чува хрватското небо до крајот на годинава, хрватските „Рафали“ набрзо ќе ја превземат главната улога

НАТО ќе го чува хрватското небо до крајот на годинава, хрватските „Рафали“ набрзо ќе ја превземат главната улога

9 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.