Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Во недела осми локални избори – 10.490 кандидати во трка за довербата на граѓаните

by Уредник
18.10.2025
in Uncategorized

Право на глас на осмите локални избори во Македонија, што ќе се одржат во недела, имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 се во земјата, а 112.000 се запишани во посебниот избирачки список на лица во странство. Покрај нив, во избирачкиот список се евидентирани 2.162 гласачи во затвори и притвор и 450 гласачи во старски домови.

Иако годинава нема гласање во дијаспората, сите граѓани кои живеат или престојуваат во странство ќе можат да го остварат своето избирачко право доколку допатуваат во Македонија.

Најголем број гласачи има Градот Скопје – вкупно 474.304, а меѓу општините Куманово е прво со 94.041 гласач, потоа следуваат Тетово (87.878), Гостивар (82.893), Битола (77.253), Аеродром (68.772), Струга (62.711) и Прилеп (62.053).

Најмалку гласачи има во Лозово – 1.905, потоа во Вевчани (2.092), Новаци (2.429), Конче (2.716) и Ранковце (2.921).

Гласањето ќе се спроведе на 3.474 избирачки места, шест помалку од предвидените со Изборниот законик, бидејќи во тие места нема жители. Според податоците од Државната изборна комисија, 125 избирачки места имаат помалку од 10 гласачи, а најголемото избирачко место е во Бутел, со 1.432 гласачи.

Интересен податок е дека најстариот гласач е роден во 1918 година, а најмладиот ќе полни 18 години токму на денот на изборите, 19 октомври. Вкупно 25.603 лица со наполнети 18 години првпат ќе гласаат.

Овие локални избори се осми по ред од независноста на државата, а четврти на кои се избираат и градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа за 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за општински совети, со вкупно 10.490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи, односно независни кандидатури.

Најголема конкуренција има во Градот Скопје, каде што во трката за градоначалник влегуваат 16 кандидати.

Next Post

18 октомври: Денот кога Воден ја замени една империја со друга

Топлата облека со вас, ќе имаме температури под просекот и локални врнежи

Топлата облека со вас, ќе имаме температури под просекот и локални врнежи

Препорачани Вести

Меџити: Нови тротоари и модерна инфраструктура за Чаир

4 months ago

Ватикан можна сцена за нови мировни преговори меѓу Русија и Украина во јуни

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.