Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Технички проблеми на две избирачки места

by Уредник
19.10.2025
in Uncategorized

До 09:15 часот, одѕивот на локалните избори изнесува 3 отсто, при што гласале 41.890 граѓани. Според Државната изборна комисија (ДИК), гласањето се одвива непречено, освен на две избирачки места каде поради технички причини не се користи уред за биометриска идентификација, туку се применува УВ спреј и УВ ламба.

На гласачкото место 1133 во Куманово, каде се запишани 12 гласачи, немало струја, па гласањето се одвива без уред за биометриска идентификација. Во Штип, на гласачкото место 2271 со 507 запишани гласачи, два резервни уреди не успеале да стартуваат, поради што се користи алтернативна идентификација.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, истакна дека до овој момент нема пријавено други проблеми и додаде дека слични ситуации се случиле и на минатогодишните парламентарни избори, но само на шест избирачки места.

Според првичните податоци за излезност, највисока излезност се регистрира во Пробиштип (6,64%), Лозово (6,36%) и Зеленикот (5,62%), додека најниска е во Врапчиште (0,87%), Кичево (2,35%) и Теарце (1,90%).

Кондарко информира дека Управниот суд ја потврдил одлуката на ДИК за тужбата поднесена од ДНЕТ, што значи дека сите гласови за советничка листа на оваа партија во град Скопје ќе се сметаат за неважечки.

На денешните избори гласањето се спроведува на 3.474 избирачки места, каде право на глас имаат 1.832.415 граѓани. ДИК ќе одржува прес-конференции на секои два часа, а првичните неофицијални резултати се очекуваат околу полноќ.

Next Post

Грабеж во Лувр: Светски познатиот музеј денеска е затворен

Денес разговор помеѓу Трамп и Путин: Какви барања ќе има американскиот претседател?

Објавени се нови детали од разговорот на Трамп и Путин кој траеше два и пол часа, рускиот претседател изнесе нов услов за крај на војната

Препорачани Вести

Том Круз доживеа незгода за време на снимањето на акциона сцена

Том Круз доживеа незгода за време на снимањето на акциона сцена

7 months ago

Кина го претстави најбрзиот воз на светот: Од Пекинг до Шангај за два и пол часа со брзина од 600 км/ч

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.