Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изрази оптимизам за исходот од локалните избори, нагласувајќи дека очекуваат победа во голем дел од општините.
„Се наоѓаме на прагот на голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Денеска Македонија имаше мирни и успешни избори, кои ги исполнуваат сите стандарди за демократски процес. Благодарност до граѓаните за нивната одговорност и учество“, изјави Муцунски.
Тој додаде дека очекуваат одличен изборен резултат кој, како што рече, ќе биде „порака до сите кои ја водат Македонија без концепт и визија“. Според Муцунски, граѓаните со својот избор денеска испраќаат јасна порака и ја потврдуваат својата волја за иднината на земјата.









![Во тек е големата воена вежба на Криволак – погледнете што се случува [ФОТО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/499947069_716930020730847_6946517738108085682_n.jpg)
