На 18 октомври 2025 година во 16:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.К.(44) од село Леуново и О.Б.(43) од Гостиварско Долна Бањица, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ според член 235 и член 236 од Кривичниот законик.
Со судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории каде живее О.Б., при што биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршено кривично дело. О.Б. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.







![[ВИДЕО] Се појави нова снимка, Ламборџинито на ѕвездата на Ливерпул во секунда завршило во пламен](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/07/screenshot-2025-07-03-144730.png)

