Connect with us

Република

Лукароска му честита на Проданоски, со надеж за подобар Прилеп

Кандидатката за градоначалничка на Прилеп од редовите на СДСМ и коалицијата, Петра Лукароска, преку својот Фејсбук профил му ја честита победата на Дејан Проданоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и се обрати до граѓаните на градот.

„Почитувани членови на СДСМ, почитувани сограѓани,

По завршувањето на вчерашните избори, мнозинството граѓани ја дадоа својата доверба на Дејан Проданоски и на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во оваа прилика, искрено му ја честитам победата и се надевам дека ќе ги реализира ветените проекти, носејќи го Прилеп на патот кон развој и напредок, излегувајќи од сивилото во кое западна изминатите четири години.

На новоизбраните советници им посакувам успешна работа, носење одлуки што ќе значат подобар живот за сите прилепчани. Советничката група на СДСМ и коалицијата ќе остане гласот на граѓаните, конструктивна опозиција и одговорен коректор на локалната власт.

Жалам што овие избори бележат историски најниска излезност и што повеќе од половина од граѓаните не го искористија своето демократско право. Пораката од граѓаните е јасна – потребно е искрено да се погледнеме кон самите себе. Причините за нашиот резултат ќе ги бараме исклучиво во нашите редови, преку темелна анализа на работењето и пристапот на СДСМ.

Изразувам голема благодарност до сите членови и граѓани кои ни ја дадоа својата поддршка, како и до сите кандидати и соработници за нивната енергија, посветеност и труд за време на кампањата.

Поразите се дел од политичкото патување, но од ова искуство ќе извлечеме важни поуки и убедена сум дека СДСМ наскоро ќе се врати на победничките патеки.“

Advertisement

Република

Повеќе тетовски села утре без електрична енергија поради планирани прекини

evn

Повеќе села во тетовскиот регион утре, 18 декември, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето со струја, информираат надлежните служби.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат делови од селото Челопек, и тоа објекти лоцирани во средниот дел на селото, како и објекти во близина на училиштето. Исто така, прекин во снабдувањето ќе има и во селото Милетино, каде без електрична енергија ќе останат објекти во близина на автобуската станица во т.н. Македонско Маало.

Планиран прекин е најавен и за селото Порој, каде дел од населението исто така ќе биде без струја во истиот временски интервал.

Од надлежните апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски и информираат дека прекините се дел од редовни активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.

Continue Reading

Република

Проданоски ги отвори вратите на Општината за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и надлежностите на градоначалникот.

Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со работата на општината, поставувајќи бројни интересни и искрени прашања, на кои градоначалникот одговараше низ пријатен и едукативен разговор.

Проданоски истакна дека ваквите средби се особено значајни, бидејќи ја поттикнуваат младата генерација да развива интерес за општествените процеси и институциите.

„На младите им припаѓа иднината, а наша обврска е континуирано да работиме на подобрување на условите за живот и создавање подобра и посигурна иднина за нив“, порача градоначалникот Проданоски.

Continue Reading

Република

Општина Битола инсталира фотоволтаици во уште три училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на договорот со Фондацијата Отворено Општество, со кој Општината ќе добие донација за поставување фотоволтаици на уште две основни училишта – „Св. Климент Охридски“ и централното училиште „Даме Груев“.

Анексот претставува дополнување на претходниот договор, со кој минатата година беа инсталирани фотоволтаици на шест основни училишта во градот.

Во рамки на заложбата за искористување на обновливата енергија, Општината ќе постави фотоволтаици од сопствени средства и на една од зградите на основното училиште „Гоце Делчев“.

Овој проект е дел од стратегијата на Општина Битола за поддршка на одржливи решенија и намалување на трошоците за енергија во образовните институции.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг