Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Вајц изрази надеж дека по локалните избори, Македонија ќе ги спроведе уставните измени

by Уредник
21.10.2025
in Uncategorized

Европратеникот и известувач за земјава во ЕП додаде дека македонската влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, коридорите и безбедносните прашања, со што има одреден напредок, но вели дека засега сè уште недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат.

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, изрази надеж дека по локалните избори, земјава ќе ги направи потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница како малцинство во македонскиот Устав, со цел откочување на евроинтеграциите.

Во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и Медиумската информативна агенција (МИА), Вајц вели дека усвојувањето на уставните измени ќе го отвори патот за вистински почеток на преговорите.

„Земјата сега е опфатена со пристапниот процес, но всушност ги немаме започнато преговорите. Треба да ги започнеме наскоро за да ја одржиме земјата на вистинскиот пат“, посочи Вајц.

Европратеникот додаде дека македонската влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, коридорите и безбедносните прашања, со што има одреден напредок, но вели дека засега сè уште недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат.

„Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок“, вели Вајц во изјавата за Европската новинска редакција.

Бугарскиот претседател Румен Радев за време на вчерашната средба со претседателот на Унгарија, Тамаш Сујок, повика Унгарија да ја убеди Северна Македонија дека промената на Уставот и европскиот консензус по однос на ова прашање се неотповиклив услов за членство во Европската Унија.

Next Post

Руски напад ја прекина струјата во делови од Украина

Сомнежи за диверзија: Експлозијата во унгарската рафинерија ја турка енергетската криза на ново ниво

Препорачани Вести

СЕ ПРЕТСТАВИЛ КАКО ДИПЛОМАТ И ВРАБОТЕН ВО МВР – ПАДНА НА ГРАНИЦА СО ФАЛСИФИКАТИ И „ТАЈНИ“ ДОКУМЕНТИ!

6 months ago

Сведоштво на патник од Qatar Airways: „Станува страшно – се враќам утре преку Доха, а ова видео ми ја зголеми паниката“

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.