Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Инцидент за време на воена вежба во Германија: Војници пукале кон полицијата, има повредени

by Уредник
23.10.2025
in Uncategorized

Во германскиот град Ердинг се случи сериозен инцидент за време на воена вежба на Бундесверот. Според извештаите, во среда навечер, во областа Хоенлинденер Штрасе, воената полиција за време на вежба испукала „ќорци“ кон пристигнатата државна полиција, која одговорила со боева муниција, при што еден војник бил повреден.

Полицискиот портпарол потврди дека настанот е во тек, а јавноста не била во опасност. Повредениот војник имал гребнатинка на лицето и беше однесен во болница на понатамошно лекување.

Жителите претходно пријавиле маскирани лица со пушки во близина на амбарите, што ја зголемило тревогата на полицијата. Сепак, станувало збор за планирана вежба, во која биле вклучени и полицајци, пожарникари и спасувачки екипи, но државната полиција очигледно не била информирана за деталите.

Во вежбата, наречена „Маршалска моќ 2025“, учествувале околу 500 војници и 300 цивилни служби за итни случаи. Целта била симулација на одбранбени сценарија и интеракција помеѓу воените и цивилните служби за итни случаи. Сообраќајот околу местото на инцидентот бил привремено затворен.

Next Post

„Балканскиот Ескобар“ , Рамо Р. со македонско и австриско државјанство е уапсен додека уживал во Шпанија

Поддршка од ЗНАМ: Павле Арсовски ја потврдува соработката со Тоневски

Препорачани Вести

Ѓорѓиевски: Инспекциите се превенција, а не казна – безбедноста на граѓаните е приоритет

10 months ago
Ова сигурно го правите секој ден и со тоа си ја уништувате вашата коса

Ова сигурно го правите секој ден и со тоа си ја уништувате вашата коса

11 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.