Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Се одбележува 23 Октомври – Денот на Македонската Револуционерна Борба

by Уредник
23.10.2025
in Uncategorized
Се одбележува 23 Октомври – Денот на Македонската Револуционерна Борба

Денеска, 23 октомври, ја одбележуваме годишнината од еден од најзначајните датуми во македонската историја – Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден, во 1893 година, во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), чија цел била ослободување и автономија на Македонија преку организирана револуционерна борба.

Дејноста на ВМОРО ја достигнала својата кулминација со Илинденското востание во 1903 година во Македонија и Преображенското востание во Одринска Тракија – симболи на вековната борба за слобода и национално обединување.

Организацијата е формирана на 5 ноември 1893 година (23 октомври според стариот календар), во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствувале шестмина македонски интелектуалци и родољуби:
Д-р Христо Татарчев – лекар од Ресен,
Даме Груев – учител од с. Смилево, Битолско,
Петар Поп Арсов – учител од с. Богомила, Велешко,
Иван Хаџи Николов – книжар од Кукуш,
Антон Димитров – учител од с. Ајватово, Солунско,
и Христо Батанџиев – учител од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Од нивниот завет за слободна и обединета Македонија се роди идејата што ги обедини генерациите низ времето – идејата за држава, самобитност и достоинство на македонскиот народ.

Next Post
Топло утро во нашата Македонија, имаме натпросечни температури

Топло утро во нашата Македонија, имаме натпросечни температури

Трамп лут на Зеленски: „Киев го подметна скандалот“ – протекоа детали од доверлив разговор

Трамп лут на Зеленски: „Киев го подметна скандалот“ – протекоа детали од доверлив разговор

Препорачани Вести

Меџити: Партнерите на владината коалиција ќе се кандидираат заедно и на локалните избори

Меџити: 100 милиони евра се инвестирани во Чаир за само една година

5 months ago

Expres.mk: Голем резил во МАНУ – Кој ги урива македонските национални интереси изразени преку академијата за науки и уметности?

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.