Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Божиновска на Berlin Global Dialogue: Зависноста од еден извор е ризик од минатото

by Уредник
24.10.2025
in Uncategorized

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Berlin Global Dialogue 2025, еден од највлијателните глобални форуми што ги обединува државниците, визионерите и економските лидери кои ја обликуваат иднината.

Оваа година, форумот се одржува под мотото „Shifting Power, Shaping Prosperity“, со фокус на тоа како новата мултиполарна реалност може да создаде стабилен и одржлив глобален развој.

Министерката Божиновска беше говорник на панелот „Shifts of Power: Strengthening Energy Resilience“, на кој истакна дека концептот на енергетска безбедност во новиот геополитички контекст се менува суштински — од класичен пристап кон енергенсите, кон отпорни и зелени системи со долгорочна стабилност.

„Енергетската безбедност повеќе не значи само количина и извор на енергија. Денес тоа е прашање на отпорност, диверзификација и транзиција кон почисти, поодржливи извори,“ рече Божиновска.
„Геополитичките промени нѐ научија дека зависноста од еден снабдувач претставува сериозен ризик. Затоа нашата стратегија е јасна – поврзување со повеќе пазари, изградба на интерконектори и зајакнување на стабилноста, дури и во услови на глобална неизвесност.“

Во своето излагање, министерката се осврна на конкретните чекори што Македонија ги презема во насока на енергетска независност и одржливост:

„Го диверзифицираме снабдувањето со гас преку интерконекторот со Грција и подготвуваме инфраструктура за идниот транспорт на водород. Истовремено, ја зголемуваме домашната генерација од сонце и ветер, ја модернизираме преносната мрежа и инвестираме во складирање и дигитализација. Нашата визија е едноставна, но амбициозна – енергетски систем што е доволно флексибилен за да ги апсорбира глобалните шокови, доволно зелен за да обезбеди одржливост и доволно стабилен за да гарантира достапна енергија за сите.“

Осврнувајќи се на прашањето за рамнотежата меѓу безбедност, достапност и одржливост, Божиновска потенцираше дека трите цели не се исклучуваат меѓусебно, туку се меѓузависни.

„Не станува збор за избор меѓу безбедност, достапност или одржливост – туку за тоа како ги поврзуваме овие цели. Тоа бара стратегија, долгорочни инвестиции и пред сè – соработка. Ниту една земја не може сама да ги реши глобалните енергетски предизвици, но заедно можеме да изградиме посилни и поотпорни системи.“

Министерката укажа и на значењето на новите технологии и вештачката интелигенција во енергетиката, кои, според неа, се потенцијал за подобра ефикасност, а не закана:

„Вештачката интелигенција може да ја зајакне отпорноста на системот – преку попрецизно предвидување на побарувачката, оптимизација на производството и подобра интеграција на обновливите извори. Ако се користи мудро, таа ќе ни овозможи да сме поефикасни и поподготвени за иднината.“

Berlin Global Dialogue е глобална платформа основана со цел да поттикнува дијалог меѓу носителите на економски и политички одлуки, академската заедница и бизнис-секторот. Форумот е познат по своите учесници од највисоко ниво – меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и извршниот директор на BlackRock, Лери Финк.

„Да ја претставуваме Македонија таму каде што се зборува за иднината на енергијата и глобалниот развој е чест и одговорност. Овие разговори не се само за иднината на енергијата – тие се за иднината на економијата, на стабилноста и на светот што го оставаме на следните генерации,“ додаде министерката Божиновска.

Next Post

Hong Kong’s Stock Market Tells the Story of China’s Growing Dominance

Драматична вечер во Скопје: Млад човек агресивен кон полицијата

Препорачани Вести

Кремљ експресно се огласи после жестоката изјава на Трамп

Кремљ експресно се огласи после жестоката изјава на Трамп

8 months ago
Уставниот суд на Романија ја потврди забраната за кандидатурата на Калин Ѓоргеску

Уставниот суд на Романија ја потврди забраната за кандидатурата на Калин Ѓоргеску

11 months ago

Популарни Вести

  • Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува економска помош за Сирија по крајот на режимот на Асад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патничка пронајдена мртва во авионот на „Смартвингс“ по слетувањето во Прага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ снимките на Сидни Свини, објавени од Илон Маск го подигнаа хаосот на X

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомнение за даночно затајување: Фирма и двајца управители во Струмица пред обвинителство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.