Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Падна првата оставка во СДСМ по изборниот пораз – Галетановски заминува од функцијата во Скопје

by Уредник
24.10.2025
in Uncategorized

Ѓорѓи Галетановски поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, потврдија за ТВ 24 извори од партијата.

Како што дознава медиумот, оставката е поднесена од морални и лични причини и доаѓа по првиот круг од локалните избори, на кои СДСМ доживеа тежок пораз и освои само пет советнички места во Советот на Град Скопје.

ТВ 24 се обидела да добие изјава од Галетановски, но тој не одговорил на прашањата. Од партијата официјално потврдија дека оставката е доставена на „Бихаќка“.

„Оставката е поднесена од лични и морални причини и доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки, органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, изјавија за ТВ 24 од партијата на Венко Филипче.

Галетановски, кој е дел од советничката група на СДСМ во Град Скопје, во минатото беше директор на Зоолошката градина за време на мандатот на Петре Шилегов. Според информации од партиски извори, тој важи и за критичар на одредени политики на актуелното раководство на СДСМ.

Извор: 24.mk

Next Post

Нападнати полицајци во Тетово - МВР со детали

Ѓорѓиевски: „Во Гази Баба ќе испишеме историја во вториот круг!“

Препорачани Вести

Апсење на граница – фатен криминалец при влез во државата!

2 months ago

Дали сме пред нуклеарна катастрофа? Чернобил повторно во опасност

4 months ago

Популарни Вести

  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс – градоначалникот на Кичево и пет лица обвинети за штета од стотици илјади евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува економска помош за Сирија по крајот на режимот на Асад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.