Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Полицијата уапси шест возачи – ова се деталите!

by Уредник
24.10.2025
in Uncategorized
Полицијата уапси шест возачи – ова се деталите!

Лишени од слобода шест возачи по член 297-а од Кривичниот законик, тројца во тетовско и гостиварско за управување возила со многу поголема брзина од дозволената, додека еден во Куманово и двајца во пробиштипско за управување возила под дејство на алкохол

На 23.10.2025 во 14:40, 14:45 и 15:23 часот на патот Гостивар-Тетово, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар ги лишија од слобода Ј.Љ.(35) од с.Желино, Х.Л.(58) од с.Равен, гостиварско и В.Б.(44) од Скопје. При контрола со радар констатирано е дека Ј.Љ. управувал патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 162 километри на час надвор од населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час, Х.Л. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час надвор од населено место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час, додека В.Б. управувал патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час надвор од населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.
На 23.10.2025 во 02:30 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.В.(41) од Куманово.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал Г.В. и при контрола констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.

На 23.10.2025 околу 14:30 часот на локалниот пат с.Бунеш-с.Ратавица, пробиштипско, Г.Т.(64) од с.Ратавица, управувајќи трактор со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Притоа, тој се здобил се повреди и е пренесен во Клиничка болница Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека тој го управувал тракторот под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,49 промили алкохол во крвта.

На 23.10.2025 околу 16:30 часот во с.Злетово, пробиштипско, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(36) од с.Злетово, излетало од патот. Притоа, тој се здобил се повреди и е пренесен во Клиничка болница Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,51 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Next Post
Два хороскопски знаци ќе банкротираат до 31 октомври: Марс во Шкорпија ќе им донесе финансиска пропаст

Два хороскопски знаци ќе банкротираат до 31 октомври: Марс во Шкорпија ќе им донесе финансиска пропаст

Камион удрил во банкина на скопската обиколница кон Куманово, возачот пренесен во болница

Камион удрил во банкина на скопската обиколница кон Куманово, возачот пренесен во болница

Препорачани Вести

МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ПРОТИВ ТУРЦИЈА НА ОТВОРАЊЕТО НА ТУРНИРОТ ВО АНКАРА

1 month ago
Ватикан потврди, ова се последните зборови на папата Франциск

Ватикан потврди, ова се последните зборови на папата Франциск

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.