Connect with us

Свет

Украина во пламен, пожари проголтуваат огромни делови од земјата: „Создадени се совршени услови за катастрофа!“

Во источниот дел на Украина, во близина на Изјум, селото Студенок е целосно уништено од пожари кои проголтаа илјадници хектари земја. Жителите се соочија со немилосрдната брзина на огнот – Наталија Припроста не успеа да ги спаси своите свињи, а густата чад прекри селото, претворајќи го денот во ноќ. Местаните копаа ровови и се обидуваа со лопати да го запрат пламенот, додека пожарникарите се бореа со непредвидливата стихија. Експлозиите од мини и неексплодирано оружје од периодот на руската окупација дополнително го проширија огнот.

Според државното претпријатие Шуми Украина, најголемиот број пожари се регистрира во областа околу Изјум, каде што само во првите осум месеци од 2025 година избувнале 60% од сите шумски пожари во земјата. Пожарот во Студенок го зафати националниот парк во близина и за неколку дена опожари повеќе од 6.000 хектари. Во Донецката област, загубата на шуми е повеќе од 40 пати поголема од просекот на претходните децении.

Украина, погодена од руската инвазија, се соочува со постојани пожари долж линиите на фронтот во региони како Донецк, Луганск, Запорожје и Харков, каде сушата и експлозиите создаваат „буре барут“. За разлика од големите сезонски пожари во Канада или Сибир, украинските пожари се помали, но чести и речиси секогаш предизвикани од детонации. Експлозиите на напуштени земјишта, пороснати со трева и млади шуми, можат да предизвикаат неконтролирани огнови.

За пожарникарите, опасноста доаѓа и од небото – дронови често ги надлетуваат и напаѓаат тимовите кои гасат пожари. Во некои случаи се користат ловечки пушки за да ги неутрализираат. Поради мините и неексплодираното оружје, многу области не можат безбедно да се пристапи за обнова на шумите и земјиштето. Еколозите предупредуваат дека опоравокот може да трае 70 до 80 години, а во некои случаи можеби никогаш нема да се врати во првобитна состојба.

Директорот на Националниот парк „Камианска Сич“, Серхиј Скорик, кој го изгуби својот дом во 2022 година, истакнува дека борбата за зачувување на природата е лична трагедија. Тој и неговиот мал тим продолжуваат да гасат пожари, чистат мини и бележат ниво на токсини, обидувајќи се да спасат што е можно повеќе од природата која останала.

Украина денес се соочува со еколошка катастрофа од размери кои се ретки во Европа, каде војната и пожарите оставиле трајни последици врз екосистемите и животната средина.

Advertisement

Свет

Напади со хиперсонични ракети ја затемнија Украина, Зеленски обвини за таргетирање на цивили

Илјадници жители во Украина останаа без електрична енергија по серијата ноќни напади што руските сили ги извршија врз повеќе региони во земјата, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според неговите изјави, во нападите биле оштетени над десетина цивилни објекти, а прекин на струја е регистриран во најмалку седум региони. Зеленски оцени дека станува збор за намерни удари врз цивилната инфраструктура, со цел да се предизвика страдање кај населението.

„Важно е светот јасно да види што прави Русија. Очигледно е дека таа не тежнее кон завршување на војната, туку кон уништување на Украина и нанесување најголема можна болка на украинскиот народ“, порача украинскиот претседател.

Од руската страна беше потврдено дека во нападите биле користени хиперсонични ракети, но не беа објавени информации за евентуални цивилни жртви. Нападите се дел од континуираната офанзива, која предизвикува зголемена загриженост за безбедноста на цивилното население и критичната инфраструктура.

Украинските служби работат на проценка на штетите и постепено враќање на електричната енергија во погодените подрачја, додека Зеленски упати повик за засилена меѓународна поддршка, како во одбраната, така и во хуманитарната помош.

Continue Reading

Свет

Дипломатски скандал: Пакистанскиот премиер по 40 минути чекање му упадна на состанок на Путин

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, наиде на дипломатска непријатност за време на меѓународен настан во Ашхабат, откако повеќе од 40 минути чекал на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Според медиумските извештаи, Шариф по подолгото чекање одлучил неочекувано да влезе во просторијата каде што Путин веќе одржувал состанок со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По околу пет минути престој, пакистанскиот премиер ја напуштил просторијата.

Настанот привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако се појави видео на кое се гледа моментот кога Шариф „упаѓа“ на средбата меѓу рускиот и турскиот претседател во Конгресниот центар во главниот град на Туркменистан.

Руската државна агенција РИА Новости објави дека Путин и Ердоган продолжиле со разговорите во приватна атмосфера, откако делегациите на двете земји ја напуштиле просторијата. Подоцна, пакистанскиот премиер се приклучил на состанокот, со очекување разговорот со Путин да продолжи во друга просторија.

Според истите извештаи, Шариф заедно со својата делегација, меѓу кои и министерот за надворешни работи Ишак Дар, чекал повеќе од 40 минути, пред да одлучи да го прекине состанокот што се одвивал паралелно во друг дел од Конгресниот центар.

Средбата се случила кратко по завршувањето на државната посета на Владимир Путин на Индија, која руските власти ја оценија како многу успешна и во чии рамки биле дополнително зајаснати и зајакнати односите меѓу Москва и Њу Делхи.

Continue Reading

Свет

Фон дер Лајен ја поздрави одлуката за замрзнување на руските државни средства на неодредено време

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, денеска ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ за продолжување на имобилизацијата на руските суверени средства на неодредено време.

– Испраќаме силен сигнал до Русија дека додека продолжува бруталната агресивна војна, трошоците за Русија ќе растат. Ова е и порака до Украина дека сакаме да го зајакнеме нашиот храбар сосед на бојното поле и на преговарачката маса, напиша Фон Дер Лајен на Х.

Со одлуката, сите 27 земји-членки на ЕУ повеќе не мораат едногласно на секои шест месеци да ги продолжуваат замрзнатите средства, како што беше практикувано од 2022 година по инвазијата на Русија врз Украина. Механизмот за економска вонредна состојба овозможи премин од едногласно на мнозинско гласање, и покрај претходните закани од Унгарија за спротивставување.

Вредноста на замрзнатиот руски државен имот во ЕУ изнесува околу 210 милијарди евра, а целта е дел од овие средства да се стават на располагање на Украина како долгорочен заем за репарации, со цел ограничување на економската штета од војната.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг