Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ЛЕВИЦА одби да даде поддршка за македонскиот кандидат во Кичево!

by Уредник
25.10.2025
in Uncategorized

Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, кој одговараше на повеќе прашања поврзани со локалните избори и можните партиски поддршки во вториот круг локални избори.

На прашањето дали Левица ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Александар Јовановски или ќе застане зад актуелниот градоначалник од ДУИ Фатмир Дехари, кандидатот на Левица, Мециновиќ избегна да даде конкретен одговор, со што индиректно потврди дека нема да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ туку на ДУИ.

„Повторно портпаролската функција за овие избори ми е малку ставена на пауза, не дека нема да имаме став, ќе имаме став, но сметам дека сега не е местото јас да го коментирам ова, а затоа што имаме една голема обврска пред нас, а тоа е вториот круг за Град Скопје“, рече Мециновиќ.

Иако партијата во текот на кампањата жестоко го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека во повеќе општини, како Тетово, Гостивар и Струга, немале сопствени кандидати со што индиректно ја поддржувале коалицијата Вреди, а сега токму Левица се наоѓа во истата позиција, која од жестоки критики преминува во тактички молк и го олеснува патот на ДУИ да ја задржи власта во Кичево.

Ваквиот одговор на кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ покажува дека Левица ќе го поддржи кандидатот Фатмир Дехари, со што очигледно е дека „неутралната“ Левица е најсилен сојузник на ДУИ во Кичево.

Извор: newz24live.com

Next Post

Претседателот на “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај му ја врачи почесната награда „Илинден“ на претседателот на ФУЕН, Лорант Винце

Коалицијата Вреди во Студеничани ќе го поддржи независниот кандидат Азем Садику

Препорачани Вести

МБИ10 со минимален пад од 0,03%, обврзничкиот пазар без активности

1 month ago
Директорот на Нвидиа во план да продаде акции во вредност од 550 милиони долари

Директорот на Нвидиа во план да продаде акции во вредност од 550 милиони долари

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.