Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пијан возач со „Ауди“ усмрти брачен пар и дете во Белград

by Уредник
26.10.2025
in Uncategorized

Во страшна сообраќајна несреќа која се случила во ноќта меѓу сабота и недела во Нов Белград, животите ги загубиле тројца членови на едно семејство – мајка, татко и нивното дете. Трагедијата се случила на крстосницата меѓу улиците Хероја со Кошара и Омладинских бригада, објави Nova.rs.

Според првичните информации, несреќата ја предизвикал 24-годишниот Никола Ѓ., државјанин на Босна и Херцеговина, кој управувал со „Ауди“ со босански регистарски таблички под дејство на алкохол. Тој со голема брзина поминал низ црвено светло и директно се забил во автомобилот „Хјундаи“ во кој се наоѓала семејната тројка – таткото Б.Ж. (1982), кој бил сообраќаен полицаец, мајката Д.К. (1987) и нивното дете Ж.М. (2016).

Од силината на ударот биле урнати два столба на јавната расвета и семафорот, а остатоци од возилата биле расфрлани низ коловозот. И покрај брзата интервенција на итната помош, на тројцата патници од „Хјундаиот“ не им можело да им се помогне.

Алкотестот покажал дека возачот имал 1,17 промили алкохол во крвта. Тој е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека сувозачот од „Ауди“-то е повреден и хоспитализиран.

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и нагласувам дека ќе продолжиме со најстроги контроли и санкции кон сите кои со своето неодговорно однесување ги загрозуваат животите на граѓаните“, изјави Дачиќ.

Очевидец за белградскиот „Блиц“ изјавил дека возачот со голема брзина „прелетал“ низ црвено светло и директно се забил во семејниот автомобил. „Сум видел многу несреќи, но ова беше најужасното нешто досега“, раскажал сведокот.

Next Post

Русија успешно го тестираше „Буревјесник“ – нуклеарната крстосувачка ракета што САД ја нарекуваат „Летечки Чернобил“

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Препорачани Вести

Лерин набави две противпожарни возила

6 months ago

Ѓорѓиевски од Ѓорче: Ќе оствариме историска победа

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.