Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Русија успешно го тестираше „Буревјесник“ – нуклеарната крстосувачка ракета што САД ја нарекуваат „Летечки Чернобил“

by
2025/10/26 09:24:38
in Uncategorized

Русија успешно го тестираше својот нов проектил „Буревјесник“ (9М730) – крстосувачка ракета на нуклеарен погон способна да носи нуклеарна бојева глава, објави претседателот Владимир Путин. Москва тврди дека ракетата може да ја избегне секоја постојна и иднина противракетна одбрана, а наскоро ќе почне и нејзиното распоредување.

Путин, облечен во камуфлажна униформа, на состанок со воените генерали изјави дека „ова е уникатно оружје какво никој друг на светот нема“. Тој откри дека „клучното тестирање“ на системот е завршено, иако дел од руските експерти претходно сметале дека вакво оружје е невозможно да се создаде.

Според началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, ракетата прелетала 14.000 километри и останала во воздух околу 15 часа при тестирањето на 21 октомври. Таа користи нуклеарен реактор за погон, што ѝ овозможува речиси неограничен дострел и непредвидлива траекторија на летот.

„Нашите современи нуклеарни сили за одвраќање се на највисоко ниво, повисоко од која било друга нуклеарна сила“, изјави Путин, додавајќи дека стратешките сили целосно ја гарантираат безбедноста на Руската Федерација и нејзиниот сојуз со Белорусија.

Според податоците на Федерацијата на американски научници (FAS), Русија располага со 5.459 нуклеарни боеви глави, а САД со 5.177, што заедно претставува околу 87% од глобалниот нуклеарен арсенал.

Програмата ја следат бројни неуспеси

Програмата „Буревјесник“ била проследена со 13 неуспешни тестирања од октомври 2023 година. Најдолгиот забележан лет траел само две минути и покрил 35 километри. Во 2019 година, еден тест завршил трагично – при извлекување на проектилот што се срушил во Баренцовото Море, дошло до експлозија во која загинале седум лица, меѓу нив и нуклеарни експерти.

Тогаш во воздух се ослободил радиоактивен облак кој се проширил до Северодвинск, а радиоактивни честички биле детектирани и во Скандинавија.

Меѓународна загриженост

Поранешниот американски изасланик за контрола на вооружувањето, Маршал Билингсли, уште во 2020 година ја повикал Русија да го прекине развојот на проектот, предупредувајќи на огромните еколошки ризици. Тој истакнал дека нуклеарниот погон може да ослободува радиоактивен материјал за време на летот и да контаминира големи подрачја.

И покрај тоа, Путин уште минатата година објави дека последното тестирање било „успешно“ и дека развојот на „Буревјесник“ е речиси завршен.

Потенцијал и споредба со американскиот „Томахок“

За разлика од класичните крстосувачки ракети со млазни мотори, „Буревјесник“ користи нуклеарен реактор кој би можел да му овозможи лет од неколку дена, па дури и целосно обиколување на Земјата.

Американскиот проектил „Томахок“ има дострел од околу 2.500 километри, додека „Буревјесник“ теоретски би можел да стигне до цели во САД, летајќи ниско за да избегне радарско откривање.

Иако Русија тврди дека проектилот е „тешко откривлив“, експертите предупредуваат дека долготрајниот лет може да му даде на НАТО повеќе време за откривање и пресретнување.

Американските разузнавачки служби го нарекуваат ова оружје „Летечки Чернобил“, поради можниот ризик од радиоактивно загадување при секое тестирање или инцидент.

Next Post

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

ВЛЕН: Албанците избраа достоинство, не навреди од Ахмети

Препорачани Вести

Потерата по украден автомобил во Тексас заврши со трагедија: четири лица загинаа, а 16 се повредени

Потерата по украден автомобил во Тексас заврши со трагедија: четири лица загинаа, а 16 се повредени

5 months ago
Нетанјаху бара одложување на судењето поради војната во Газа и судирите со Иран

Нетанјаху бара одложување на судењето поради војната во Газа и судирите со Иран

6 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.