Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Картата на светот повеќе никогаш нема да ја гледате со истите очи: Дали знаете дека сите континенти на светот формираат облик на едно животно?

by Уредник
27.10.2025
in Uncategorized

Фотографија која веќе неколку месеци кружи на социјалните мрежи ги фасцинира милионите луѓе ширум светот. На прв поглед едноставна карта на Земјата открива неверојатен факт – континентите некогаш совршено се вклопувале во еден огромен суперконтинент наречен Пангеа.

Пангеа постоела пред околу 335 милиони години, а нејзиното распаѓање започнало пред околу 175 милиони години. Првично се поделила на два помали суперконтиненти – Лауразија на север и Гондвана на југ. Лауразија ги вклучувала Северна Америка, Европа и Азија, додека Гондвана била составена од Африка, Јужна Америка, Индија, Австралија, Антарктикот и дел од денешна Арабија.

Идејата за движечките се континенти првпат ја изнел фламанскиот картограф Абрахам Ортелиус во 1596 година, а три века подоцна германскиот метеоролог Алфред Вегенер ја развил теоријата за континенталниот дріфт. Според него, сите континенти некогаш формирале една целина – Пангеа, за која бил создаден и посебен океан, Панталаса.

Сепак, научната заедница не ја прифатила Вегенеровата теорија се до средината на 20 век, кога откривањето на текtonските плочи ја потврдило неговата идеја и ја поставило како основа на модерната геологија.

Денешните предвидувања укажуваат дека циклусот на суперконтиненти продолжува – за околу 200 до 250 милиони години континентите повторно ќе се спојат во нова огромна копнена маса, во верзии наречени Новопангеа, Пангеа Ултима, Аурика или Амазија.

Фотографијата која ги инспирира овие размислувања не е само визуелно привлечна, туку нè потсетува дека Земјата е жива и постојано се менува. Континентите се дел од сложувалка која никогаш не престанува да се преслагува, а погледот кон Пангеа ни покажува дека сè на нашата планета е поврзано повеќе отколку што можеме да замислиме.

Next Post

Жестоки борби за Покровск: Русите напредуваат, вели Зеленски

Лукоил ќе го продаде имотот во странство поради американските санкции

Препорачани Вести

Масовен прекин на струја во Мексико: 2,2 милиони луѓе останаа без електрична енергија

Масовен прекин на струја во Мексико: 2,2 милиони луѓе останаа без електрична енергија

4 months ago
Стојаноска: По изгласани интерпелации, поднесување оставка на членовите на Судски совет е нормален и морален чин

Стојаноска: По изгласани интерпелации, поднесување оставка на членовите на Судски совет е нормален и морален чин

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.