Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Паника во западна Турција по земјотрес од шест степени – луѓето ноќта ја поминаа на отворено

by Уредник
27.10.2025
in Uncategorized

Силен земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција вечерва околу 22:48 часот по локално време, предизвикувајќи паника меѓу жителите.

Епицентарот бил регистриран 62 километри југоисточно од градот Баликесир и 10 километри јужно од Синдирги, соопштија турските сеизмолошки служби. Земјотресот бил почувствуван во повеќе градови, меѓу кои и во Истанбул.

Според првичните информации, на социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии на урнати објекти и напукнати фасади, но засега нема потврдени податоци за повредени лица или поголема материјална штета.

Очевидци за порталот EMSC изјавиле дека тресењето траело подолго од вообичаено и било многу силно. „Сѐ се нишаше неколку секунди, луѓето излетаа од домовите“, сведочат жители од регионот.

Локалните власти апелираа граѓаните да останат смирени и внимателни, бидејќи постои можност за нови послаби потреси во текот на ноќта.

Сеизмолозите потсетуваат дека западниот дел на Турција се наоѓа на активна тектонска линија и често е погоден од вакви земјотреси.

Next Post

Млад возач со „Ламборгини“ удри во заштитна ограда – направил штета од 102.000 евра

Украинските партизани шпионирале руски бази во Севастопол – „Секој ден сме поблиску до ослободување на Крим“

Препорачани Вести

Русија ја претвора окупираната Украина во џиновска воена база

Русија ја претвора окупираната Украина во џиновска воена база

5 months ago
Премиерот Мицкоски оствари средба со генерал-мајор Грегори Најт

Премиерот Мицкоски оствари средба со генерал-мајор Грегори Најт

2 months ago

Популарни Вести

  • kucinja

    Скопје ќе ги добие првите гробишта за миленици: Институциите најавуваат решавање на децениски проблем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на апсолутна лојалност на Делси Родригез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шар Планина под висок ризик од лавини: Стручни екипи апелираат на претпазливост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.