Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Министерка Божиновска: Македонија станува центар на глобалниот енергетски дијалог

by
2025/10/28 12:01:27
in Uncategorized

Енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес што бара храброст да се променат навиките, бара визија за носење долгорочни одлуки и подготвеност да се инвестира во решенија што не носат брзо резултати, но создаваат посигурна и поодржлива иднина за следните генерации, порача министерката за енергетика Сања Божиновска во воведното обраќање пред официјалниот почеток на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ што се одржува во Скопје.

Како што истакна Божиновска, следните три дена Македонија ќе биде центарот на глобалниот енергетски дијалог.

– Енергетската отпорност денес значи способност системот да се прилагоди и да продолжи да функционира дури и во услови на глобална неизвесност. Зависноста од еден извор или снабдувач денес е минато, иднината припаѓа на диверзифицираните, одржливи, сигурни енергетски решенија – напомена министерката.

Иднината, како што кажа, припаѓа на диверзифицирани, одржливи и сигурни енергетски решенија. Но, енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес, кој бара храброст да се променат навиките, визија за носење долгорочни одлуки и подготвеност да се инвестира во решенија што не носат брзи резултати, но создаваат посигурна и поодржлива иднина за следните генерации.

Енергетската отпорност, денес, според неа, значи способност системот да издржи, да се прилагоди и да продолжи да функционира дури и во услови на глобална неизвесност и да функционира стабилно и прилагодливо и во услови на глобална неизвесност и геополитички потреси. Зависноста од еден извор или снабдувач, забележа дека е ризик од минатото.

– Во оваа нова ера, технологијата и вештачката интелигенција се наш сојузник, а не закана. Тие можат да помогнат да ја предвидиме побарувачката, да ја оптимизираме потрошувачката и да ја подобриме достапноста на енергијата. Но, енергијата, мора да ја користиме паметно, со фокус на луѓето, не само на машините – рече Божиновска.

Енергетската транзиција, нагласи, не е трка меѓу држави.

– Таа е заедничко патување. Ниту една земја, колку и да е голема, не може сама да се справи со климатските предизвици. Но, заедно можеме да изградиме посигурни, поотпорни и почисти системи. Нашата улога како министри и лидери е да создадеме услови оваа транзиција да биде фер, одржлива и инклузивна и да се погрижиме никој да не остане зад нас – истакна ресорната министерка.

Владата, потсети, го гради интерконекторот со Грција и со Србија, инвестиција што, според Божиновска, ќе обезбеди директно снабдување за илјадници домаќинства и индустрии, но ќе ѝ помогне и на Европа за подобра поврзаност и сигурност при снабдувањето со гас. Подвлече дека работат и на модернизирање на преносната мрежа, инвестираат во дигитализација и складирање на енергија.

– Оваа земја има потенцијал, потенцијал на луѓе кои не се плашат да работат, на институции кои сакаат да се докажат и на една генерација која не сака да чека, туку да создава. И тоа е суштината на оваа конференција – од зборови кон акција – рече Божиновска.

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григоријан, порача дека Форумот доаѓа во време на големи гобални предизвици и интензивирани последици од климатските промени врз економската неизвесност и се поголеми геополитички проблеми.

– Во тој контекст мора да препознаеме дека енергетеската сигурност и климатската отпорност се две страни на иста медалја. Мора да се движиме од преземни обврски кон конкретна имплементација, бидејќи одржливата енергија претставуа камен-темелник на нашата одржлива колективна иднина – рече Грегоријан и посочи дека УНДП ширум светот е ангажиран во активно одржување на оваа агенда.

Наша цел, додаде, е да им обезбедиме на повеќе од 500 милиони луѓе ширум светот економски одржливо и сигурно снабдување со енергија.

– За тоа УНДП развива соработка со сите, при што регионалната соработка е нашиот мултипликатор кој води кон системски промени. Овој форум претставува суштинска платформа за таа цел. Заедно со Енергетската заедница можеме да инвестираме во прекугранично складирање на енергија и на тој начин да овозможиме енергетска независност. Клучно прашање е како да обезбедиме одржливост, инклузивнкост и просперитет за сите. Најважно е да се развие пазарот – рече Грегоријан.

Нагласи дека децентрализираните енергетски системи не се повеќе прашање на избор, тие, како што кажа, се стратешка одлука и носат отпорност, пониски трошоци и енергетска независност.

– Време е да се одри со храбри цели, а тоа е исфлрање на електраните кои работат на јаглен во фази и зголемување на капацитетите за одржлива енергија. Мораме да обезбедиме и дигитални системи за користење на податоците и користење на вештачката интелигенција за планирање, анализирање и имплементирање на политики и проекти базирани на докази. Дигиталните платформи обезбедуваат мониторинг во реално време, како и флексибилни пазари. На тој начин енергетсктие системи ќе станат пофлексибилни и поотпорни – рече Грегоријан.

Порача дека Форумот ќе покаже како дигиталната иновација ја претвора комплексноста во можност и додаде дека сепак луѓето се најбинти за енергетската транзиција.

Татијана Молчан, извршна секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE)  рече дека се наоѓаме на еден крстопат кога се работи за мултилатерализмот во енергијата.

– Глобалната енергетска транзиција претставува не само историска можност за одржлив развој, туку и голема одговорност. Мора да градиме отпорни енергетски системи, коишто ќе осигураат безбедна, пристапна и еколошки одржлива енергија. Во следните три дена на овој форум ќе се зборува за многу аспекти на енергетската транзиција – од олеснување на е-мобилноста до тоа како да се обезбеди праведна транзиција во којашто никој нема да би да заборавен, како да се развијат одржливи критични минерали и покривање, односно затворање на јазот во финансиите. Нашата цел и од сите партнери е да најдеме практични решенија за споделување на национални стратегии, за да прикажеме иновативни технолошки решенија од меѓународните организации, приватниот сектор, академската заедница и да обезбедиме финансиски механизми и партнерства за инвестиции – рече Молчан.

Порача дека никој нема да успее ако работиме изолирано.

– За да бидеме успешни, мора да бидеме ефективни чинители, да ги разбереме сеопфатните ефекти што ги имаат изборите во нашите политики. Многу ми е мило што нашите регионални комисии УНДП постојано се во соработка со нас и поттикнувам на еден ваков дијалог помеѓу различни експерти и носители на политики, не само во овој регион, туку и од целиот свет. Ова претставува еден модел како може најефективно да се осврнеме на меѓусекторските предизвици со ограничено време и ресурси – посочи Молчан.

Нагласи дека употребата на експертизата и ресурсите во системот на Обединетите Нации ќе биде уште поважна кога Иницијативата Обединети Нации 80 ќе ги трансформира Обединетите Нации.

– Оваа иницијатива ќе има влијание на сите нас, на сите организации, но и најмногу на тоа како ние ќе и дадеме поддршка на нас, на вас како земји членки. Многу е важно да разбереме кои се вашите приоритети преку дијалог, за да можеме најефективно и ефикасно да ги задоволиме вашите потреби за правична, праведна енергетска транзиција. Предизвиците пред нас се огромни, но исто така и можностите. UNECE е тука со другит еорганизации на ОН да им помогне на змејите членки за да бидеме сигурни дека енергијата не е само двигател на праведна транзиција и економски развој, туку е катализатор за одржливост и отпорност – посочи Молчан.

На Форумот во фокусот ќе бидат енергетската транзиција, технологијата и пазарите, производството на енергија и соработката за обезбедување енергетска сигурност.

Next Post
Трагедија во Кенија: Се урна авион, загинаа сите патници

Трагедија во Кенија: Се урна авион, загинаа сите патници

Лавров: Загрижувачки планови за поголемо мешање на НАТО на Арктикот

Лавров: Загрижувачки планови за поголемо мешање на НАТО на Арктикот

Препорачани Вести

Пожар во Скопје – интервенирала противпожарната бригада

2 months ago
Осомничен за илегална трговија со дрога ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом, ОЈО Гевгелија поведе истрага

Осомничен за илегална трговија со дрога ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом, ОЈО Гевгелија поведе истрага

5 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.