Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ФФМ со доживотна суспензија за фудбалерите што нападнаа противнички голман

by Уредник
29.10.2025
in Uncategorized

Фудбалската федерација на Македонија изрече доживотна суспензија за двајца фудбалери на ФК Беса Слупчане, поради физички напад врз противнички играч по завршување на натпреварот со ФК Аеродром во рамки на 8. коло од Третата лига – Север.

Како што информира ФФМ, дисциплинскиот комесар донел одлука за доживотна забрана за настап за Орхан Демири (32) и Ердин Арифи (18) од Беса, поради физички напад и обид за линч на противничкиот голман.

Клубот од Слупчане доби и дополнителни санкции – суспензија на домашниот терен на 10 натпревари и парична казна согласно Дисциплинскиот правилник на федерацијата.

„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот. Во фудбалот нема место, ниту милост за оние што тепаат и го нарушуваат угледот на спортот“, стои во соопштението на ФФМ.

Инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот, во кој гостинскиот тим Аеродром славеше со 2:1 во Слупчане. Министерството за внатрешни работи потврди дека двајцата фудбалери биле приведени веднаш по нападот.

Next Post

Линдита ги повика Кичевчани да гласаат за нејзиниот Александар (ВИДЕО)

Трагедија во Турција: Седумкатница се урна во Гебзе, има загинати

Препорачани Вести

Страшна трагедија ја потресе Србија: Четири лица го загубиja животот при чистење на септичка јама

Страшна трагедија ја потресе Србија: Четири лица го загубиja животот при чистење на септичка јама

9 months ago

Трамп: Путин најави силен одговор на украинскиот напад

8 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ бара алтернативи на американскиот гас по заканите на Трамп за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.