Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против А.З. (45) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што информира МВР, на 9 февруари 2025 година, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, ловечки карабин, два пиштола, 146 куршуми, 21 ловечки патрон, расклопен ловечки карабин и репетирачка пушка.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна постапка до надлежното обвинителство.







![ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/473995718_1308532236941904_2377622693071422955_n-424918.png)


