Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Европол откри повеќе од 600 руски платеници

by Уредник
01.11.2025
in Uncategorized

Во рамки на втората фаза од истрагата спроведена заеднички од молдавската и украинската полиција, Европол помогна во откривањето на 654 членови на руските приватни воени компании „Вагнер“ и „Редут“ кои биле вклучени во борбени операции против Украина.

Истрагата покажува дека меѓу осомничените има државјани од Украина, Молдавија, Казахстан, Узбекистан, Таџикистан, Туркменистан, Азербејџан, Ерменија и Босна и Херцеговина. Се верува дека овие лица учествувале во сериозни воени злосторства, вклучувајќи сексуално насилство, егзекуции на воени затвореници и убивање цивили.

Во рамки на операцијата беа претресени 70 куќи во Молдавија и Украина, при што беа запленети огнено и ладно оружје, муниција, униформи, ознаки со симболите на паравоената компанија „Вагнер“, како и електронска опрема.

Европол и националните власти документирале места за регрутирање и обука, мапирале командни структури и собрани се видео и фото материјали кои укажуваат на учество на странски државјани во непријателства на територијата на Украина и Демократска Република Конго. Украинските власти претходно доставија 280 имиња на странски државјани за кои се сомнева дека учествувале во борбени операции.

Истрагата дополнително ја потврдува сложената мрежа на приватни воени компании и нивната вмешаност во сериозни кршења на меѓународното хуманитарно право.

Next Post

Полицијата откри огромна количина муниција и канабис - МВР со детали

Русија ги отфрла тврдењата дека соборените дронови биле нивни

Нова закана за безбедноста: Дронови над белгиски воени бази со американско нуклеарно оружје

Препорачани Вести

Отворен оглас за 400 пожарникари: Шанса за вработување со можност за професионален ангажман

7 months ago

Жена приведена во Тетово по инцидент со полицијата

4 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.