Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тетовец измамен за 250 евра со лажни ветувања за „туѓа нега“

by Уредник
01.11.2025
in Uncategorized
policija tetovo

Во Секторот за внатрешни работи Тетово 66-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од лице со иницијали С.Н., кое му ветило дека ќе му обезбеди социјална помош во форма на „туѓа нега“.

Според пријавата, измамата се случила во јуни годинава, кога осомничениот му рекол на оштетениот дека неговата сопруга наводно работи во Центарот за социјални работи во Тетово и е член на комисија за доделување на ваква помош. Со тоа го довел во заблуда и му побарал 250 евра за да му „заврши работа“, ветувајќи дека парите ќе бидат надоместени кога ќе се одобри помошта.

Откако ги добил парите, лицето престанало да се јавува и не ја исполнило ветената услуга. Случајот бил пријавен на 31 октомври, по што полицијата започнала со мерки за целосно расчистување и документирање на измамата.

Од СВР Тетово апелираат граѓаните да не наседнуваат на вакви ветувања и секогаш да пријавуваат сомнителни понуди за посредување во државни институции.

Next Post

Разбојништво во Скопје: скопјанец ограбен и нападнат од две лица

24-годишна девојка од Велес, осомничена дека извршила серија кривични дела во само пет дена

Физичка пресметка во Скопје - Полицијата интервенирала

Препорачани Вести

horoskop

Дневен хороскоп: Испробајте ја среќата и избегнете фрустрации со овие совети

1 week ago
Цената на табла јајца во САД ги урна сите рекорди, колу чини само едно јајце во САД?

Цената на табла јајца во САД ги урна сите рекорди, колу чини само едно јајце во САД?

11 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.