Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Комисијата утврди дискриминација: бремена работничка отпуштена без оправдување

by Уредник
02.11.2025
in Uncategorized

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна дискриминација кон бремена работничка, вработена како магационерка во голема фирма за увоз и извоз.

Според одлуката на Комисијата, магационерката имала договор на определено време, кој редовно ѝ бил продолжуван на секои три месеци. Последниот договор требало да истече на 5 март 2025 година. Меѓутоа, откако ги известила претпоставените дека е бремена и добила препорака за едномесечно боледување поради патолошка бременост, фирмата само четири дена пред истекот на боледувањето ѝ соопштила дека договорот нема да ѝ биде продолжен.

Фирмата, преку ангажиран адвокат, тврдела дека отказот бил „најчисто рационално решение“ и дека четворица други магационери исто така биле „рационализирани“. Сепак, КСЗД утврдила дека подносителката на претставката е единствената која останала без продолжување на договорот, додека другите работници или го продолжиле договорот, или добиле трајно вработување, или го раскинале спогодбено.

Комисијата нагласи дека во овој случај станува збор за дискриминација врз основа на бременост и работничката е заштитена согласно законската регулатива.

Next Post

Мајка на жртва од Нови Сад започна штрајк со глад пред српското Собрание

Саботковски прогласи победата во Могила: „Победа на народот и вистинските вредности“

Препорачани Вести

Wolt официјално стартува во Северна Македонија, трансформирајќи ги услугите за испорака во Скопје 

10 months ago

Вработена во спортска обложувалница украла 32 илјади денари

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.