Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: Кичево покажа дека Македонија знае да се обедини

by Уредник
02.11.2025
in Uncategorized

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва по завршувањето на вториот круг од локалните избори изјави дека резултатите претставуваат јасна порака за волјата на граѓаните за промени и обединување. Тој како особено значајна ја посочи победата во Кичево, каде што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, го порази досегашниот градоначалник Фатмир Дехари.

„Морам да признам една посебно силна порака која доаѓа оваа вечер, а таа е од нашето Кичево. Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против недомаќинското работење. Покажавме што можеме кога сме обединети,“ рече Мицкоски.

Тој истакна дека победата во Кичево е доказ дека граѓаните можат да се обединат околу вредности и заеднички цели, без разлика на политичката или верската припадност.

„Во Кичево соработувавме луѓе од различни вери и припадности против оние кои го влечеа градот надолу. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите – околу политиките што им се потребни на граѓаните. Победи идејата дека Македонија е дом за сите,“ додаде тој.

Мицкоски порача дека оваа победа има симболична вредност и претставува порака за една пообединета и посилна Македонија.

„Падна митот дека Кичево е нечие. Победија Кичевчани. Таа победа зборува за Македонија што созрева, за народ кој не се плаши да се обедини. Кичево мора да биде и ќе биде во фокусот на владата,“ нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Next Post

Орце Ѓорѓиевски: Победивме со чесна борба, сега следи работа за народот

Мицкоски прогласи голема победа во Брвеница

Препорачани Вести

ВИДЕО: Ѓорѓиевски цела ноќ на терен – помага на граѓаните во справување со невремето

10 months ago

„Сејф сити“ се тестира и во уште еден град

2 days ago

Популарни Вести

  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ бара алтернативи на американскиот гас по заканите на Трамп за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.