Connect with us

Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ТЕТОВО – МВР со детали

На 01.11.2025 година во 13:10 часот во Тетово на ул. ,,Преспанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР -Тетово, согласно судска наредба, извршиле претрес во берберница, која ја користи Б.Л.(21) од Тетово, кој не бил присутен. Претресот е извршен во присуство на Х.А.(23) од Тетово, кој е син на сопственикот на куќата, при што се пронајдени и одземени, марихуана сместена во повеќе пакувања, 2000 празни ќеси, дигитална вага и пиштол „Зораки“ калибар 9 мм со една празна рамка во пиштолот.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против Б.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Црна Хроника

Апсење на скопскиот аеродром – МВР со детали

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на 5 декември во 18:40 часот бил приведен 38-годишниот Д.Ј. од Куманово. При рутинска гранична контрола, полициските службеници утврдиле дека лицето се води со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги Куманово.

По лишувањето од слобода, Д.Ј. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово, кои го спровеле во КПУ Затвор Куманово.

Continue Reading

Црна Хроника

Двајца пијани возачи фатени за една ноќ во Тетовско – еден со речиси 2 промили!

На 07.12.2025 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с.Лешок, го лишија од слобода Д.Т.(54) од с.Ратае. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“, кое Д.Т. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,96% промили алкохол во крвта.
Исто така, во 02:40 часот на регионален пат Тетово-с.Волковија, во с.Брвеница, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Брвеница. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“, кое Н.С. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,63% промили алкохол во крвта.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 297- а ,,безобзирно управување на моторно возило”.

Continue Reading

Црна Хроника

Тепачка на кејот во Струга: приведени двајца млади

Во петокот околу 12:50 часот, на кејот „Борис Кидрич“ во Струга, пред угостителски локал била пријавена тепачка во која учествувале двајца млади — 21-годишен стружанец и 18-годишно лице од селото Радолишта.

Инцидентот го нарушил јавниот ред и мир, а полицијата веднаш интервенирала на местото на настанот. Од МВР информираат дека случајот е евидентиран и дека по целосно документирање на сите околности ќе биде поднесена соодветна пријава против учесниците во тепачката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг