Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Проданоски: Со гордост и благодарност го одбележуваме 3 Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп

by Уредник
03.11.2025
in Uncategorized

Со положување свежо цвеќе и оддавање почит пред спомениците на народните херои, во Прилеп утрово започна одбележувањето на 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека овој ден е симбол на слободата, непокорот и заедништвото, вредности кои Прилеп ги негува и пренесува на новите генерации.

„Со гордост и благодарност го чествуваме еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот град. Денес им оддаваме почит на борците кои ја вградија својата жртва во темелите на нашата слобода. Прилеп ќе продолжи да го негува споменот на своите херои и да ја пренесува пораката на слободата и единството,“ рече Проданоски.

Во рамки на програмата, беше посетен и традиционалниот уметнички и хуманитарен хепенинг организиран од Ротари клубот Прилеп, на кој уште еднаш беше потврдено дека духот на солидарноста и хуманоста е длабоко вкоренет во прилепската заедница.

Празнувањето продолжува вечерва со свечени активности – откривање на ѕвезда во чест на Коста Смилески на Арт Плоштадот, како и свечената седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“, каде ќе бидат доделени традиционалните општински награди „3 Ноември“.

„Да го одбележиме овој ден со гордост, достоинство и љубов кон нашиот град. Честит празник, Прилеп!“, порача градоначалникот Проданоски.

Next Post
Белорусија подготвена да испрати војска во Украина

Белорусија подготвена да испрати војска во Украина

Членови на СДСМ од Кичево работеле за победа на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ – инспирирани од средбата со Бранко Црвенковски

Членови на СДСМ од Кичево работеле за победа на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ – инспирирани од средбата со Бранко Црвенковски

Препорачани Вести

Целосен пресврт: Кинезите тврдат – Трамп сега сака да преговара со Кина во врска со царините

Целосен пресврт: Кинезите тврдат – Трамп сега сака да преговара со Кина во врска со царините

9 months ago

Нови казни во сообраќајот: Пешаци и возачи на велосипеди, мотори и тротинети под строг надзор

4 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.