Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДЕНИС ЃОРГИЕВ за Нова Македонија: Рудникот „Злетово“ останува двигател на локалниот развој на општина Пробиштип и во иднина

by Уредник
06.11.2025
in Uncategorized

Рудникот „Злетово“ е најстариот активен рудник во Македонија и повеќе од осум децении обезбедува континуитет во локалната економија на општината Пробиштип. Геолошкиот потенцијал на ова наоѓалиште на олово – цинкова руда е документиран уште од 1928 година, кога рудникот во Пробиштип бил под концесија на англиска компанија, а до 1941 година се изградени патишта, термоцентрала, флотација и управни згради, односно целата инфрастуктура за индустриско производство на оловно-цинкова руда. Со мали прекини, „Злетово“ работи до денес. Заедно со „Тораница“ во Крива Паланка, рудникот во Пробиштип е во состав на „Булмак 2016“, фирма-ќерка на Минстрој Холдинг од Бугарија.

Разговараме со инженер-геолог Денис Ѓоргиев, раководител на Геолошката служба во рудникот за олово и цинк „Злетово“, за тоа како со помош на  геологијата се истражува рудното наоѓалиште, како се оконтуруваат рудните блокови, се дава насока како да се одвиваат истражно-капиталните работи, според кој рударските инженери го планираат тековното производство – динамиката на откопување, методата на откопување, планирањето на новите откопи и слично. Ѓоргиев има 12 годишно искуство во рудникот, за кој вели дека според досегашните геолошки истражувања од страна на Геолошката служба, рудникот располага со геолошки резерви кои имаат солидна содржина на метали со кој може да се оствари рентабилно работење на рудникот во иднина и да се остварат планираните количини на концентрати. Ова ќе обезбеди стабилни приходи и за домаќинствата во општина Пробиштип како и за општинскиот буџет.

Целото интервју може да го прочитате на Нова Македонија

Next Post
Целосен колапс на украинската војска: „Нема вода, нема муниција, немаше излез“

Целосен колапс на украинската војска: „Нема вода, нема муниција, немаше излез“

Трамп отвора воена база во Дамаск: Пресврт во односите со Сирија

Трамп отвора воена база во Дамаск: Пресврт во односите со Сирија

Препорачани Вести

Изгоре популарниот балкански ноќен клуб „Вилиџ“ во Виена

2 months ago
Вирално видео од влезот на Русите во Покровск изгледа како сцена од „Mad Max“

Вирално видео од влезот на Русите во Покровск изгледа како сцена од „Mad Max“

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.