Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Геолошките истражувања покажуаавт дека „Злетово“ има руда за најмалку уште 20 години

by Уредник
07.11.2025
in Uncategorized

Рудникот за олово и цинк „Злетово“ располага со геолошки резерви за уште најмалку две децении работа. Ова го покажуваат досегашните геолошки истражувања, како и оние шо престојат, објаснува раководителот на Геолошката служба Денис Ѓоргиев во интервјуто објавено во домашните медиуми. 

„Нови геолошки истражувања на наоѓалиштето допрва следуваат, но деталните геолошки истражувања направени во изминатиот период потврдуваат континуитет на рудните жици и во длабина (хоризонти 300 и 250) и по протегање. Наоѓалиштето „Злетово“ има продолжение кон локалитетот Плавица која претставува продолжение на рудната жица 10 при што концесиски граничи со наоѓалиште за бакар и злато кое сеуште не е отворено. Според досегашните наоди, рудникот може да работи најмалку уште 20 години. “ вели Ѓоргиев.

Според него, „Злетово“ годишно произведува околу 150 илјади тони оловно-цинкова руда, од кои се добиваат 10–12 илјади тони концентрати. Квалитетот на оловниот концентрат е околу 72% Pb, а на цинковиот околу 52% Zn. Во оловниот концентрат се валоризира и содржина на сребро. Концентратите се извезуваат во Металуршкиот комбинат во Пловдив, каде што се екстрахираат металите.

Ѓоргиев оценува дека стратешка предност на „Злетово“ е што покрај покрај олово и цинк присутни се и бакар, сребро, бизмут, германиум, индиум, кадмиум, галиум, злато, калај и други дефицитарни елементи, за кои и побарувачката во светски рамки е огромна.

Клучен предизвик и за геолошкиот сектор во „Злетово“ е недостигот на кадар. „Недостигаат рудари и стручни профили во електромашинство, геологија и геодезија. Имаме отворен конкурс во текот на целата година,“ вели Ѓоргиев. 

За одржување на продуктивноста, компанијата прави интерна преквалификација и соработува со рударско-геолошкото средно училиште и со Факултетот за природни и технички науки во Штип.

„Нашиот рудник им гарантира сигурна работа и стабилни приходи, а за општината и државата носи стабилни буџетски приливи. Паралелно со работењето на рудникотсе активира и локалната економија,“ додава тој, нагласувајќи ја улогата на рударството како „економски двигател“ на рударските градови со перспектива и за идните генерации.

Next Post

МБИ10 со раст од 0,11%, обврзничкиот пазар со ограничена активност

Божиновска: Македонија рамноправен партнер во регионалната енергетска политика

Препорачани Вести

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

7 months ago

Банкарските акции ја влечат берзата надолу – МБИ10 во пад

7 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.