Connect with us

Црна Хроника

Одреден притвор за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој 

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе одлука за мерки на претпазливост против петмината осомничени во случајот со давање и примање поткуп поврзан со ИПАРД-проектите.

Четворица од осомничените, меѓу кои и актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, добија мерка притвор од 30 дена поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото. За петтата осомничена, со иницијали Ј.К., судот го прифати променетиот предлог на јавниот обвинител и ѝ определи куќен притвор.

Сите петмина беа приведени вчера за време на претреси на повеќе локации низ државата, спроведени од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и единиците на МВР.

Според обвинението, првоосомничениот Џ.Н. (77) како управител на правно лице, од февруари до вчера, во повеќе наврати, директно и преку посредници ветувал парични средства на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за да се изврши службено дејствие спротивно на законот. Остатокот од осомничените, меѓу кои е даночен референт и државен службеник, ги искористиле своите позиции за да поттикнат незаконско службено дејствие.

И покрај тоа што фирмата на првоосомничениот не ги исполнувала условите од Јавниот повик бр. 01/24 за ИПАРД-мера 3, директорот по примено ветување за подарок од 50.000 евра потпишал договор за користење финансиски средства, а при претрес биле одземени и дел од паричните средства во износ од 400 евра.

Судските решенија може да се оспорат преку жалба пред Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје.

Advertisement

Црна Хроника

Маж од Неготино снимал и уценувал жена во Скопје

Полицијата уапси 29-годишен маж од Неготино по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека бил присилен на полово дејствие, сниман и уценуван.

Според информациите од МВР, на 6 декември околу 1 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М. од Неготино, поради настан што се случил на 2 декември во стан на подрачјето на Центар. Осомничениот, како што се наведува, ја присилил жената на полово дејствие, ја снимал со мобилен телефон, а потоа ѝ упатувал закани и барал пари за да не го објави видеото на социјалните мрежи.

Од МВР истакнуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.

Continue Reading

Црна Хроника

Македонецот осомничен за фемицид во Анкона се соочува со доживотна казна затвор

Назиф Муслија, 50-годишен државјанин со македонско потекло, кој е осомничен за бруталното убиство на неговата сопруга Саџиде Муслија во населбата Пјанело Валесино ди Монте Роберто во провинцијата Анкона, беше пронајден по повеќе од 30 часа бегство. Карабинерите го откриле тешко повреден во шума во местото Бракано ди Мателика, откако наводно се обидел да си го одземе животот. Него го забележал ловџија кој веднаш подигнал тревога и го спасил.

Италијанското јавно обвинителство издаде меѓународна потерница и го товари Муслија за тешко убиство со умисла. Тело на жената беше пронајдено дома, на креветот, со тешки повреди на черепот и градите. Истражителите повторно ја претресоа куќата во потрага по траги и го запленија предметот за кој се сомневаат дека е оружјето на злосторството – железна цевка со траги од крв.

Овој случај доаѓа веднаш по усвојувањето на новиот италијански закон со кој фемицидот – убиство на жена поради нејзиниот пол – се третира како посебно кривично дело што носи доживотен затвор. Италија стана една од ретките земји во ЕУ која го инкриминираше фемицидот, покрај Хрватска, Кипар и Малта. Законот беше усвоен на 26 ноември, на денот посветен на борба против насилството врз жени.

Муслија претходно бил осуден на една година и десет месеци затвор за насилство врз сопругата, со обврска да посетува програма за сторители на насилство. Сепак, неговиот адвокат Антонио Гаљарди тврди дека „немало слободни места“ во здружението што ги спроведува тие програми.

Главната државна обвинителка во Анкона, Моника Гарули, остро реагираше, оценувајќи дека „ова е случај што остава горчлив вкус“ и дека не смее сите форми на семејно насилство да се третираат еднакво, туку мора да се прави разлика според ризикот и сериозноста на делото.

Од Центарот против насилство во Анкона предупредуваат дека системот мора да овозможи навремена проценка на ризик и превентивни мерки за да се спречи ваква ескалација на насилството.

Continue Reading

Црна Хроника

Стружанец уапсен поради снимање и вербални напади кон полицајци

На улицата „ЈНА“ во Струга вчера околу 19 часот полицијата приведе 43-годишниот Ж.Ш. од Струга. Тој претходно без дозвола снимал објект на полицијата, по што ги навредувал полициските службеници.

СВР Охрид соопшти дека по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг