Connect with us

Црна Хроника

Запленета вредна стока на граничните премини: Злато, пари, Ајфони и цигари

Царински службеници и мобилни царински тимови извршија повеќе запленувања на граничните премини, откривајќи 92 грама злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, цигари, парфеми и детска облека со заштитени трговски марки.

На Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на багаж на турски државјанин, биле пронајдени 53 грама златни плочки и 11 златни монети со вкупна вредност од 538 илјади денари. Во друг случај на истиот аеродром, кај македонски државјанин кој допатувал од Лондон биле запленети два лаптопи и еден мобилен телефон од брендот „Ејпл“.

Вкупно 37.500 евра биле запленети на граничниот премин Табановце во два одвоени случаи. Српски државјанин при влез во државата имал 24.000 евра, од кои 10.000 му биле вратени, а 14.000 привремено задржани. Македонски државјанин при излез од државата имал 25.500 евра, од кои 2.000 му биле вратени, а 23.500 привремено задржани.

На граничниот премин Ново Село биле откриени 96 кутии цигари без акцизни маркички и 34 ремени за прицврстување товар во два одвоени случаи. Во првиот, при влез во државата со автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, биле пронајдени 96 кутии цигари и 10 ремени. Во вториот, во багажниот простор на автомобил со македонски таблички биле пронајдени 24 ремени.

Advertisement

Црна Хроника

Девојка летала со Ауди 174 километри на час на автопатот Тетово – Гостивар

На 08.12.2025 во 15:45 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово кај наплатна станица Тетово на патот Гостивар-Тетово ја лишија од слобода С.А.(35) од Гостивар. При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека управувала патничко возило ,,ауди“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде со сообраќаен знак максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час. Таа е задржана во полициска станица и против неа ќе следува пријава по член 297-а, „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading

Црна Хроника

Камион изгоре во Косевица, пожарот навреме локализиран

09.12.2025 – Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица денеска интервенираше на запален товарен камион во селото Косевица.

На местото на настанот реагираа две противпожарни возила со тројца пожарникари. Според извештајот од единицата, пожарот навреме бил локализиран и изгаснат, со што било спречено негово понатамошно проширување.

Во инцидентот нема повредени лица, а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Continue Reading

Црна Хроника

Полицијата во Тетово со полни раце работа – Уапсени пет лица

На 08.12.2025 во 15:45 часот на ул.,,Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Ѓ.С.(38) и Б.З.(19), двајцата од Тетово, за тоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 08.12.2025 во 20:00 часот на локален пат во с.Глоѓи, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишија од слобода А.Ф.(24) од с.Теарце, тетовце. При контрола на патничко возило ,,опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преглед над него, пронајдена и одземена е марихуана. А.Ф. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 08.12.2025 во 19:20 часот на регионален пат Тетово-Скопје, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода М.И.(25) од с.Палатица затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 08.12.2025 во 18:25 часот во с.Једоарце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа А.Н.(19) од с.Џепчиште затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг