Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме

by Уредник
08.11.2025
in Uncategorized
МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме

Обилните врнежи кои ја зафатија нашата Македонија изминатата ноќ ќе продолжат се до вторник (11 ноември) и повремено тие ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 литри на метар квадратен дожд). И во Скопје и околината до вторник (11 ноември) ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Локално пак овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и со електрични празнења.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат малку над просекот за овој дел од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 15/16 степени.

Да напоменам дека токму ова е поради влијанието на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот и истите како што веќе најавив ќе условуваат врнежливо време со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со грмежи и со силен ветер од јужен и од југоисточен правец.

МетеоАларм

Next Post
ОЈО Штип поднесе обвинение за малтретирање во вршење на службата и злоупотреби

Обвинение за организација на борби со кучиња

Ким Џонг Ун бесен: Северна Кореја ја нишани Америка – подготвени за војна?

Ким Џонг Ун бесен: Северна Кореја ја нишани Америка – подготвени за војна?

Препорачани Вести

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН КОН ГРЦИЈА

11 months ago

„111 Икони, 1 Слика и Тајните на Св. Кирил и Методиј“ во Тетово

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.