Connect with us

Свет

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, меѓу повредените има и деца

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 ракети од различни типови.

„Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега се повредени 11 лица, меѓу нив и деца, а едно лице загина“, изјави Зеленски.

Според него, нападите биле насочени и кон регионите Харков, Киев, Полтава, Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.

„Целите на терористите се истите — цивилното население, домовите, енергетската инфраструктура. Потребни се построги санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја започна,“ порача украинскиот претседател.

Advertisement

Свет

Зеленски предупредува: Русија подготвува масивни напади по Божик

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди дека Русија би можела да започне интензивни напади за време на Божиќ. Во обраќање пред дипломатите во Киев, тој оцени дека е „сосема нормално“ Кремљ да се обиде да изврши масивни напади токму за празникот, нагласувајќи дека Украина се соочува со тешка ситуација поради недостиг на системи за воздушна одбрана.

Иако Украина официјално го слави Божиќ на 25 декември, многу граѓани го почитуваат православниот календар и го слават празникот на 7 јануари, исто како и во Русија.

Зеленски исто така објави дека украинската делегација, која учествуваше на преговори во Мајами со американскиот специјален претставник Стив Виткоф, се очекува денеска да се врати во Украина. Виткоф оцени дека разговорите со украинската и руската делегација биле „конструктивни“, без да навлезе во детали за постигнати договори.

Continue Reading

Свет

Џеј Ди Венс имаше тренинг со елитните морнарички „фоки“

jd vance

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, го предизвика својот телесен и ментален лимит во понеделник, кога учествуваше во 90-минутна интензивна обука со морнаричките „фоки“ на плажата во Калифорнија. Посетата на воената база Коронадо го одведе Ванс директно на теренот каде елитните специјални сили тренираат за најтешките задачи.

Обуката, дел од познатиот програм BUD/S за подводно рушење и SEAL, го стави потпретседателот на серија физички предизвици – трчање по песок, качување по јаже и влечење трупци – активности што се „срцето“ на подготовката на морнаричките SEAL. Иако инструкtorите внимавале да не го преоптоварат, Венс призна дека се чувствувал речиси „удрен од воз“ по завршувањето на 90-минутниот предизвик.

На својот профил на Платформа Икс, тој напиша: „Тукушто завршив со обуката со морнаричките SEALs. Ми се опуштија, но сè уште се чувствувам како да ме удри воз.“ Во истата објава, тој изрази длабока благодарност кон вооружените сили на САД: „Неверојатно сум благодарен на сите наши војници кои нè чуваат безбедни и ги одржуваат највисоките стандарди низ целиот свет.“

SEAL тимовите на американската морнарицата се сметаат за една од најсложно обучените и најелитни единици во светот, а базата во Коронадо е центарот за нивната основна обука BUD/S, вклучувајќи ја и познатата „Недела на пеколот“. Оваа фаза е легендарна по својот физички и психички интензитет – проценките покажуваат дека само 20% од кандидатите ја завршуваат успешно.

Извор: (6) Vice President JD Vance on X: “Vice President Vance trains with @USNavy Seals at Naval Amphibious Base Coronado 📸 https://t.co/AClJaxCdo0” / X

Continue Reading

Свет

Сомнителни пријави од Северна Кореја – Амазон го крши сајбер-нападот со 1.800 блокирани профили

amazon

Американската мултинационална компанија „Амазон“ блокираше повеќе од 1.800 апликации за работа, поради сомнеж дека зад нив стојат севернокорејски државјани.

Според Стивен Шмит, главниот директор за безбедност на „Амазон“, севернокорејски државјани се обидувале да се вработат на ИТ позиции кои се извршуваат од далечина, користејќи украдени или целосно лажни идентитети.

„Целта е обична, но алармантна: да добијат работа, да бидат платени, а потоа да ги пренасочат заработените средства за финансирање на оружените програми на режимот“, рече Шмит, предупредувајќи дека вакви случаи се сè почести во технолошката индустрија, особено во САД.

Овој скандал следува по повеќекратните предупредувања од американските и јужнокорејските власти, дека оперативци од Пјонгјанг се вмешани во организирани онлајн измами и сајбер-активности со цел прибирање финансиски средства за државните програми.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг