Saturday, December 27, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Денешното рочиште за случајот со родилката од Дебар повторно одложено

И денешното рочиште за судскиот случај на Јилдиз Веапоска, родилка од Дебар, е одложено за следниот понеделник. Причината е отсуство на вештаците кои се на службено патување во странство и имаат закажани операции во текот на целата недела.

Вештаците изработиле супервештачење по барање на судот, кое допрва треба да биде презентирано. Во него се опишува што се случувало по царскиот рез и дали имало лекарска грешка која резултирала со тоа Веапоска да остане без матка, јајник и бубрег на породувањето во струшката болница.

Денеска во судницата беше присутен првобвинетиот лекар Мухамед Асани, придружуван со полициска асистенција, како и другите двајца обвинети лекари. Ова е уште едно одложување, по претходните два од минатата недела кои беа откажани поради отсуство на адвокатите на обвинетите.

Адвокатот на Јилдиз, Сашо Јанев, истакнува дека одбраната прави стратегија за да застари делото. Веапоска пак вели дека е целосно исцрпена по години борба низ судските лавиринти и најавува протести ако рочиштата не се одржат до крајот на месецов.

Судскиот процес започна во 2022 година, а досега се сменети двајца судии поради пензионирање. Обвинителството ги товари тројцата доктори за тешки дела против здравјето на луѓето, а делото застарува во август 2026 година.

Next Post
Семејна драма во Скопје – 8 лица осомничени, едно од нив за обид за убиство

Проширена истрага во „Железара“: под истрага и полициски службеник

„Мекдоналдс“ регистрира брендови во Русија по тригодишна пауза

Препорачани Вести

Женско бебе пони се роди во ЗОО Скопје

8 months ago
Германија планира набавка на воена опрема вредна до 25 милијарди евра

ЕУ се подготвува за автономна одбрана

2 months ago

Популарни Вести

  • Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Младинскиот центар Пробиштип е двигател на идеи и развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски активисти со новогодишна хуманитарна акција за децата во Мала Преспа и Голо Брдо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ покренува постапка за исклучување на Јован Деспотовски, тој возвраќа со остри пораки до партискиот врв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КУД „Рацин“ одбележува дваесет години со голем предновогодишен концерт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.