Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Македонската репрезентација ја започна подготовката за натпреварите со Летонија и Велс

by Уредник
10.11.2025
in Uncategorized

Македонската фудбалска репрезентација попладнево ги започна подготовките за двата ноемвриски натпревари – контролниот дуел со Летонија, кој ќе се игра во четврток во Скопје, и завршниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 против Велс на 18 ноември во Кардиф.

Селекторот Благоја Милевски повика 28 фудбалери, меѓу кои го нема повредениот Езџан Алиоски, додека во таборот се вратија Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски.

Репрезентативецот Лука Станковски изјави дека дуелот со Летонија ќе биде важен за фудбалерите кои очекуваат поголема минутажа и за стекнување самодоверба. „Македонија секогаш оди на победа. Денес секоја репрезентација има свој квалитет, така што очекувам одличен натпревар и посакувана победа“, рече Станковски.

Тој додаде дека натпреварот со Велс ќе биде клучен за квалификациите и дека целта е добар настап и освоени три бода. „Тактиката е задача на селекторот, а наша задача е да ја спроведеме на терен. Верувам дека тоа ќе биде клучот за успех“, нагласи фудбалерот на Раднички Крагуевац.

Next Post

38-годишна жена се обидела да нападне вработен во Центарот за социјални работи

Тајфунот „Фунг-вонг“ предизвика жртви и големи штети на Филипините

Препорачани Вести

Трамп со неколку реченици ја стави Украина во најлошата позиција досега

Трамп со неколку реченици ја стави Украина во најлошата позиција досега

9 months ago
НАЈАВА ЗА МНОГУ ЛАДНО УТРО: Ќе има минус и мраз!

НАЈАВА ЗА МНОГУ ЛАДНО УТРО: Ќе има минус и мраз!

3 months ago

Популарни Вести

  • Историски чекор: Курдите во Сирија добија државјанство и национален јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ладен бран ќе ја зафати Македонија: Појава на мразеви за Водици, снег на 21 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Стрежево“ привлекува посетители и без скијање: Пелистер омилена дестинација за зимска прошетка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонското еколошко друштво и НП „Пелистер“ со заеднички чекор кон заштита на природното наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Водици во Австралија: Македонската дијаспора ќе го положи светиот крст во морето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.