Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека целиот свет се плаши од американскиот претседател Доналд Трамп, но не и тој лично. Тој ги негираше тврдењата дека Трамп на нивниот октомвриски состанок во Белата куќа фрлал карти со фронтовските линии во Украина, откако очекувал испорака на американски крстосувачки ракети Томахавк.
„Тој не фрли ништо. Сигурен сум во тоа“, рече Зеленски, истакнувајќи дека односите со Трамп се „нормални, деловни и конструктивни“, објави Гардијан.
Медиумите претходно известуваа дека Трамп наводно вршел притисок врз Зеленски да ги прифати максималистичките услови на рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната, предупредувајќи дека Русија ќе ја „уништи“ Украина доколку не се согласи.
„Сите во светот се плашат од Трамп, но не и ние. Не сме непријатели на Америка, ние сме пријатели. Па зошто да се плашиме“, додаде Зеленски.










