Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Германија ја истражува улогата на Украина во нападите на Северниот тек – нови сериозни проблеми за Украина?

by Уредник
11.11.2025
in Uncategorized
Германија ја истражува улогата на Украина во нападите на Северниот тек – нови сериозни проблеми за Украина?

Германските истражители сметаат дека експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2 можеби биле изведени од украинска група под водство на тогашниот врховен командант на Украинската армија, генерал Валериј Залужни, пренесува The Wall Street Journal.

Според информациите на германската полиција, обвинителите и добро информирани извори, истражителите развиле детална слика како елитната украинска воена единица извршила саботажата. Наведената цел бил намалување на руските приходи од енергенти и прекин на економските врски меѓу Москва и Германија.

Истражителите од Потсдам ги следеле трагите преку компании за изнајмување бродови, телефонски броеви и регистарски таблички, што им овозможило собирање докази за издавање наредба за апсење на тројца војници од специјалната единица и четворица искусни нуркачи.

Клучен доказ била црно-белата фотографија од германска сообраќајна камера, на која лицето на украинскиот нуркач било идентификувано со софтвер за препознавање лица. Брзата проверка на профилите на социјалните мрежи ги довела истражителите до останатите осомничени.

Бидејќи мажот немал дигитални траги и не бил во европските бази на податоци, идентификацијата била предизвик. Сепак, граничната полиција на една земја го открила неговиот деловен пат, што овозможило пристап до неговиот вистински пасош. Утврдено е дека станува збор за Сергиј К., 46-годишен ветеран на Украинската служба за безбедност (СБУ), кој се придружил на специјалната единица од првиот ден на руската инвазија и командувал противвоздушната одбрана во битката за Киев.

Италијанските судови очекуваат одлука за екстрадиција на осомничениот во Германија до декември, каде треба да се соочи со судење. Германската полиција веќе подготвила специјален авион за негов транспорт од Италија во Хамбург.

Подсетуваме, судот во Болонија крајот на октомври веќе ја одобрил екстрадицијата на Сергиј К., но неговата одбрана поднела жалба до Врховниот суд, кој одлуката треба да ја донесе во рок од еден месец. Во меѓувреме, осомничениот започнал штрајк со глад, а украинскиот комесар за човекови права, Дмитро Лубинец, известил за влошување на неговото здравје.

Next Post
Мистериозен пресврт во војната: Руските сили го стегаат обрачот, паѓа клучен град во Украина?

Мистериозен пресврт во војната: Руските сили го стегаат обрачот, паѓа клучен град во Украина?

Возило излетало од коловозот на патот Струга-Дебар - возачот тешко повреден

Препорачани Вести

Граѓаните знаат кој ја кочеше Битола, вели Коњановски

4 months ago
Приведен велешанец за издржување затворска казна од осум години

Приведен велешанец за издржување затворска казна од осум години

9 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.