До крајот на годината, работниците ќе треба задолжително да добијат најмалку по 300 евра како регрес за годишен одмор, познат и како К-15. Според законот, работодавците до 31 декември се должни да исплатат К-15, кој изнесува најмалку 40% од просечната плата, а најмногу 100%.
Регресот им следува и на административците, при што нивниот износ е за 100 евра помал од оној во приватниот сектор. За 2025 година, минималната сума на К-15 изнесува 18.141 денар за приватниот сектор и 12.372 денари за јавниот сектор.
Минатата година биле пријавени само 22 случаи на неисплатен К-15 од вкупно 4.000 работници, главно во текстилната индустрија. Вработените кои не го добијат законскиот минимум можат да се обратат на синдикатот или на Државниот инспекторат за труд.







![Драма на аеродромот во Палма де Мајорка: Итна евакуација на авион на Ryanair, 18 лица полесно повредени – се појави и првата снимка [ВИДЕО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/07/screenshot-2025-07-05-133548.png)

