Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Сменет украинскиот министер за правда

by Уредник
12.11.2025
in Uncategorized
Сменет украинскиот министер за правда

Украинската влада денеска го разреши Герман Галушченко од функцијата министер за правда, соопшти премиерката Јулија Свириденко.

Според нејзината објава на „Телеграм“, Владата утрово одржала вонредна седница на која е донесена одлуката за негово разрешување, пренесува „Укринформ“. Свириденко додаде дека функцијата привремено ќе ја извршува заменичката министерка за правда задолжена за европски интеграции, Људмила Сугак.

Одлуката доаѓа по антикорупциската операција на Националното биро за борба против корупција (НАБУ), спроведена на 10 ноември, со цел откривање коруптивни активности во енергетскиот сектор.

Истражителите утврдиле дека членовите на една криминална група создале широка мрежа на влијание врз државни компании, особено врз државната нуклеарна компанија „Енергоатом“.

Според извори од истрагата, претреси биле извршени во домот на бизнисменот и косопственик на студиото „Квартал 95“, Тимур Миндич, како и во резиденцијата на министерот Галушченко, кој претходно ја извршуваше функцијата министер за енергетика.

На 11 ноември биле приведени пет лица во рамки на истрагата, а седуммина се осомничени. Претреси биле извршени и во просториите на „Енергоатом“ и во куќата на министерот Галушченко, јавуваат украинските медиуми.

Next Post

Ѓорѓиевски: Создавањето зелени работни места мора да биде национален приоритет

Георгиева: Албанија денес е меѓу најбрзо растечките економии во Европа

Георгиева: Албанија денес е меѓу најбрзо растечките економии во Европа

Препорачани Вести

Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка, вели Мицкоски

10 months ago

Европратеничката со македонско потекло, Ирена Јовева, вечерва ја посети Дијана Хрка во Белград

2 months ago

Популарни Вести

  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.