Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тајните на Охридското Езеро: скриени авиони, оружје и артефакти од минатото

by Уредник
12.11.2025
in Uncategorized

Додека многубројни геолози и биолози се занимаваат со староста и природното богатство на Охридското езеро, историчарите трагаат по тајните кои што тоа ги крие во себе. Ова се дел од нив!

Охридското Езеро е најстарото езеро во Европа, а во своите длабочини крие многу тајни. За дел од нив се знаело, а другите се откриваат постепено.

Ова се дел од нештата кои езерото ги крие во себе:

Англиски авион и брод – влекач

Во езерото во градот Поградец во Албанија биле пронајдени остатоци од авион кој што паднал во езерото за време на Втората светска војна.

Приказната за авионот датирала одамна, но со тоа што биле пронајдени остатоци од англискиот воен авион, истата се докажала за вистинита.

Во близина на Струга во езерото биле пронајдени остатоци од потонат брод кој веројатно датира од Првата светска војна, со тоа биле потврдени сознанија стари половина век.

Сараиште – подводно депо на оружје

Во музејското депо биле пронајдени над 100 најразлични видови пушки и други видови оружје и предмети. Дел од нив припаѓале на временскиот период на 18-ти и почетокот на 19-ти век – на османлиската војска.

Исто така таму биле пронајдени и бајонети и шлемови кои што датираат од Првата светска војна.

Инаку, истражувачите не ги кажуваат точните локации од каде што го вадат оружјето поради дивите трагачи кои што можат да стигнат до скриеното богатство.

Скапоцени предмети од минатото

Рибарски тегови, фрагменти од бокали и други метални садови, железни копја, орудија и разни предмети користени за орнаменти, се само дел од археолошките фрагменти кои што Охридското Езеро ги крие во себе.

Се верува дека езерото изобилува и со разни книги и тајни документи, жезла и круни.

Експертите во едно се согласни: материјалните докази кои што се најдени во Охридското Езеро треба да бидат основа за еден нов музеј во Охрид кој што ќе привлекува многубројни туристи.

Извор: ekobalans.mk

Next Post

По Скопје и Битола, ова е третиот град со најмногу Македонци во светот

Скандал во Комунална хигиена: Затвореници земале плата - Ѓорѓиевски очекува истрагата да се прошири и во Град Скопје

Препорачани Вести

Гранит и Стопанска со добивки – Реплек и ТТК меѓу најголемите губитници

5 months ago

Протоереј Миле Талески: Отец Георгиј е достоен за пастирската служба

8 months ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Средбата со „Avilo“ отвора нови можности за локалниот бизнис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон со очила за сонце на состанок – Ова е причината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент на Попова Шапка – МВР до детали од настанот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.