Connect with us

Економија

Компанијата dm drogerie markt забележа уште една успешна деловна година со стабилен раст, вложувања и иновации на домашниот пазар

Со вкупен промет од 3,72 милијарди денари што претставува раст од 21,21 отсто, компанијата dm drogerie markt забележа уште една успешна година со што дополнително ја зацврсти позицијата меѓу водечките малопродажни синџири на македонскиот пазар. Вкупните инвестиции во изминатата година изнесуваа 133 милиони денари, што сведочи за континуиран развој на продажната мрежа, воведување нови технолошки решенија и континуирано одржливо работење. dm drogerie markt во нашата земја е присутен во 10 градови, со 24 продажни објекти.
На ниво на dm групацијата, компанијата оствари вкупен промет од 19,197 милијарди евра, а бројот на вработени се искачи на повеќе од 93 000.

„Во dm веруваме дека одговорното работење и стабилниот раст се меѓусебно поврзани. Нашиот фокус е на луѓето – нашите купувачи, вработените и партнерите, бидејќи тие се сржта на сè што правиме. Ќе продолжиме да инвестираме во развојот на заедницата и во иновации кои го прават секојдневниот живот поедноставен и поквалитетен“, изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm drogerie markt Србија и Северна Македонија.

Уште повеќе за вашите пари – „dm секогаш поволно“

Квалитетните dm марки како и конзистентниот концепт на долгорочно поволни цени се двата столба на кои се темели достапноста на цените во dm. Купувачите имаат на располагање речиси 13 500 производи, меѓу нив и можност да купуваат од 29 висококвалитетни сопствени dm брендови како што се Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и други, кои ги карактеризира одличен сооднос на квалитет во однос на цена. Тоа резултира со висока доверба на потрошувачите, кои dm го препознаваат како најсигурен избор за секојдневните пазарувања.

Единствени настани и искуства

И во изминатата деловна година, dm стави посебен нагласок на женското здравје преку различни иницијативи и настани посветени на нега на телото, умот и духот.
Во рамките на кампањата #скрозјас, dm и оваа година ги поддржа жените да се прифатат целосно – преку инспиративни приказни, релевантни содржини и настани кои промовираат автентичност и самодоверба.

Со продолжување на вториот циклус на dm поткастот „Женски ритам“, компанијата обезбеди платформа за значајни и отворени разговори за телото, менталното здравје и воспоставување рамнотежа во секојдневниот живот, а трета година по ред продолжи и со одржување на бесплатни дерматолошки прегледи.

Во мај оваа година dm drogerie markt го реализираше најголемиот beauty настан во нашата земја „Find your Beauty“ на кој посетителите преку бројни работилници и активации беа инспирирани да ја негуваат убавината и да ја одржуваат својата самодоверба.

Година со континуирана грижа за локалната заедница

Одржливото работење и придонесот кон унапредување на квалитетот на животот во заедницата останува стратешки приоритет на компанијата. Во текот на деловната 2024/25* година dm инвестираше речиси 7,9 милиони денари во општествено одговорни проекти и донации.

Во текот на деловната година 2024/25* компанијата го започна проектот „Никогаш повеќе сама“, преку кој беа поставени повеќе од  200 диспанзери идонирани над 230 000 Jessa поединечни влошки на сите државни универзитети во РС Македонија, а за истиот најави продолжување и во новата студентска година.

Со завршување на третата сезона од проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, компанијата заокружи посадување на 100 000 стебла на територијата на нашата земја. Проектот оваа година се збогати со дополнителна активност: конкурс ,,Зелена иднина: од градинка до училиште“, на кој сите државни и општински градинки, основни и средни училишта можат да го пријават својот двор за раззеленување!

Во септември 2024 година, dm drogerie markt во Македонија успешно ја заврши екстерната ревизија и ги исполни сите критериуми за добивање на ISO 50001:2018 сертификат. Овој меѓународен стандард за управување со енергија ја потврдува нашата посветеност кон одржливи практики со цел намалување на негативното влијание врз животната средина и подобрување на енергетската ефикасност и нè мотивира да продолжиме со иновации во областа на енергетската ефикасност и одржливиот развој. 

„Одржливото работење за нас не е само цел, туку начин на кој секојдневно донесуваме одлуки – од избор на асортиман до поддршка на заедницата. Веруваме дека развојот има смисла само ако носи добро и за другите, поради што континуирано вложуваме во проекти кои придонесуваат за заштита на животната средина, поздраво општество и еднакви можности за сите. Горди сме што таа одговорност се огледува преку донациите и општествено одговорните иницијативи кои одамна се дел од нашиот идентитет“, изјави Александра Оливера Кориши, директорка на dm drogerie markt за Србија и Северна Македонија.

Работа инспирирана од животот

И во 2025 dm продолжи да ги подобрува условите за работа и да го наградува трудот на своите вработени, па така годината ја започна со  зголемување на платата на вработените во просек за 10 отсто. Меѓународната кампања за брендот на работодавачот „Работа инспирирана од животот“, ги истакнува вредностите кои компанијата ги негува – сигурност, доверба, поддршка и силно заедништво кое им овозможува на сите вработени да останат свои, да се развиваат лично и професионално, истовремено одржувајќи здрав баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Признание од бизнис заедницата

Благодарение на континуираниот развој, компанијата dm drogerie markt е носител на сертификатот „Бизнис лидер“ за 2024 година во категорија „Трговија на мало со козметички и тоалетни препарати“, што е признание за извонредната работа и силен придонес кон економскиот раст и развој на нашата земја.

Компанијата dm drogerie markt продолжува да го развива работењето со фокус на своите купувачи, иновации и одржлив развој, градејќи долгорочни вредности и доверба на нашиот пазар.

*Податоците се однесуваат за период од 1 октомври 2024 година до 30 септември 2025 година.

Advertisement

Економија

Унгарската МОЛ со амбиции да преземе дел од „Лукоил“

Унгарската енергетска компанија МОЛ изразила интерес за купување на дел од меѓународните средства на санкционираниот руски нафтен гигант „Лукоил“, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на три извори запознаени со разговорите. Со тоа, МОЛ се приклучува на сè поголемиот круг потенцијални купувачи заинтересирани за имотот на „Лукоил“ во странство.

Санкциите што САД ги воведоа во октомври врз најголемиот приватен руски производител на нафта имаат за цел да извршат притисок врз Москва да ја прекине војната во Украина. Како резултат, „Лукоил“ беше принуден да стави на продажба значаен дел од своите странски операции, а моментално преговара со „Ексон Мобил“, „Шеврон“ и инвеститори од Блискиот Исток. Вашингтон претходно ја одби швајцарската компанија Гунвор како можен купувач.

Странските средства на „Лукоил“ со седиште во Виена опфаќаат рафинерии во Европа, удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак и Мексико, како и широка мрежа бензински пумпи ширум светот. Според еден од изворите на Ројтерс, МОЛ е заинтересирана за европските рафинерии и продажната мрежа на „Лукоил“, како и за удели во капацитетите за производство во Казахстан и Азербејџан.

Американското Министерство за финансии одбило да даде коментар, а МОЛ и Белата куќа не одговориле на новинарските прашања.

Унгарија значително се потпира на руската енергија, а премиерот Виктор Орбан, кој е 15 години на власт, настојува да одржува балансирани односи со Москва и Вашингтон. Ројтерс потсетува дека МОЛ е заинтересирана и за купување на српската рафинерија НИС, која исто така е под американски санкции и се наоѓа под руска контрола.

Continue Reading

Економија

Глобалните трошоци за храна продолжуваат да се намалуваат и во ноември

Цените на храната на светските пазари продолжија да паѓаат и во ноември, трет месец по ред, при што најголем пад е забележан кај млекото, млечните производи и растителните масла, соопшти агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Според новите податоци на ФАО, во октомври цените се намалија за 1,6 проценти на месечно ниво, додека во ноември индексот на цените на кошничката основни прехранбени производи изнесувал 125,1 поени, што е за 1,2 проценти пониско од октомвриското ниво.

Индексот покажува дека глобалните цени на основните прехранбени производи се пониски за 2,1 процент споредено со истиот период лани, јавува Хина.

Најголемо намалување е забележано кај шеќерот – пад од 5,9 проценти во однос на октомври, како резултат на очекуваната силна понуда и високо производство во Бразил, Индија и Тајланд.

Цените на млекото и млечните производи се намалени за 3,1 процент, пред сè поради падот кај путерот и полномасното млеко во прав, поддржан од зголемено производство и изобилство на понуда во главните светски региони.

Растителните масла поевтинија за 2,6 проценти, при што особено се издвојува сончогледовото масло, чии цени паднале поради подобрената понуда од регионот на Црното Море.

Месото е поевтино за 0,8 проценти, што се должи на пониските цени на живинското месо поради изобилна понуда и засилена глобална конкуренција. Пад е забележан и кај свинското месо, како резултат на слаба побарувачка во Европската Унија и кинеските тарифи кои го ограничуваат увозот.

За разлика од другите категории, цените на житарките пораснаа за 1,3 проценти во споредба со октомври. Цената на пченицата скокна за 2,5 проценти поради стравувањата дека конфликтите во регионот на Црното Море би можеле да го нарушат снабдувањето и да ги намалат засадените површини во Русија.

Continue Reading

Економија

39 домашни компании добија 12,7 милиони евра од унгарски кредит

Развојната банка ја исплати седмата транша од кредитната линија за инвестиции и развој на компаниите, во износ од 12,7 милиони евра, која е наменета за 39 одобрени проекти на домашни фирми. Исплатата е реализирана преку деловните банки.

Средствата се распределуваат за проекти на едно микро, 21 мали, девет средни и осум големи компании. Најголемиот дел од средствата, 12,2 милиони евра, се наменети за инвестиции во градежи и опрема, додека 243 илјади евра се за обновливи извори на енергија, а 300 илјади евра за транспортни средства. Најголем дел од средствата одат кон 21 проект на компании со претежна производствена дејност.

Со оваа транша, Развојната банка досега исплатила вкупно 203,3 милиони евра кон деловните банки од предвидените 250 милиони евра, со што се поддржани 721 проект на домашните компании.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг