Connect with us

Свет

Западот во проблем? Нешто се случува во Андаманското Море

Русија и Мјанмар започнаа заеднички поморски вежби под името „Марумекс-2025“ во Андаманското Море, соопшти денес прес-службата на Руската пацифичка флота, пренесува ТАСС.

Според соопштението, маневрите започнале во средата, а во следните два дена екипажите на бродовите на руската и мјанмарската морнарица ќе вежбаат командување и координација при заеднички маневри, пребарување, откривање и следење на подморници на „симулиран противник“, како и борбени вежби со артилериско и торпедно гаѓање.

Покрај тоа, антитерористички тимови од двете земји ќе изведуваат сценарија за проверка и ослободување на пловни објекти што наводно ги зазеле „пирати“.

Главната цел на вежбите, се наведува во соопштението, е севкупен развој и зајакнување на поморската соработка, како и подобрување на безбедносните мерки за цивилното поморство и економските активности во поморските региони на Југоисточна Азија.

Advertisement

Свет

Руте: Европа мора да се подготви, Русија може да биде следната закана

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги предупреди сојузниците дека Русија би можела да претставува непосредна закана и дека Европа мора да биде подготвена за конфликт. Тој истакна дека многу земји членки на алијансата не покажуваат чувство на итност и треба брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана.

„Ние сме следната цел на Русија. Премногу од сојузниците се тивко самозадоволни и веруваат дека времето е на наша страна. Но, времето за дејствување е сега“, рече Руте во Берлин.

Тој додаде дека конфликтот е на прагот на Европа и дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во наредните пет години.

Руте повика на засилување на одбранбените напори за да се спречи „војна од една генерација“, потенцирајќи дека сојузниците мора да делуваат веднаш за да обезбедат безбедност во регионот.

Continue Reading

Свет

ЕУ со нов чекор: Рускиот капитал ќе остане замрзнат

Земјите членки на Европската Унија постигнаа начелен договор за замрзнување на руските средства на неопределено време, што се смета за клучен исчекор кон усвојување на планот за нивно користење за финансирање на т.н. заем за репарации за Украина.

Формалната одлука треба да биде донесена утре на состанокот на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки – Корепер. Одлуката ќе се темели на член 122 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој овозможува носење одлуки со квалификувано мнозинство во услови на „економска итност“, наместо со едногласност.

Досега продолжувањето на мерката се вршеше на секои шест месеци и исклучиво со консензус. Новото решение го елиминира ризикот некоја држава во иднина да стави вето на понатамошно замрзнување на средствата. Дополнително, ова се оценува како клучен чекор за да се спречи враќање на руските средства доколку санкциите кон Москва некогаш бидат укинати – прашање што особено ја загрижуваше Белгија, една од најголемите сопировки на планот за користење на замрзнатите средства за Украина.

Овој договор доаѓа само еден ден по изјавата на белгискиот премиер Барт де Вевер, кој ја доведе во прашање правната основа за трајно замрзнување на капиталот врз основа на член 122, оценувајќи дека „вонредната состојба“ која ја предвидува овој член не се однесува на земја што не е членка на ЕУ.

Според моменталните најави, Белгија утре најверојатно ќе биде воздржана, а Унгарија и Словачка ќе гласаат против. Сепак, квалификуваното мнозинство за усвојување на предлогот ќе биде обезбедено.

Continue Reading

Свет

Американските воени сили нападнаа венецуелски танкер: Обвиненија за пиратство на Карибите

Отвореното море стана сцена на меѓународна драма откако американските сили извршија заплена на огромен танкер под санкции, што предизвика жестока дипломатска бура и најави за жалба пред меѓународните институции од страна на Венецуела.

Во акција која изгледаше како сценарио од холивудски блокбастер, американски воени хеликоптери со вооружени командоси се спуштија со јажиња на палубата на бродот, што беше потврдено со снимки објавени од американските служби. Десет маринци, десет припадници на Крајбрежната стража и специјални единици полетаа од воениот брод „Џералд Форд“ распореден во Карибите за да ја извршат мисијата.

Реакцијата од Каракас беше бурна. Министерот за внатрешни работи, Диосдадо Кабељо, не ја штедеше острината, нарекувајќи ги САД „убијци, крадци, пирати“.

„Џек Спероу таму е херој, но овие типови се вистински криминалци на отворено море,“ саркастично порача Кабељо, повикувајќи се на филмот „Пиратите од Карибите“.

Претседателот Николас Мадуро додаде: „Ова е меѓународно пиратство. Венецуела никогаш нема да стане нафтена колонија.“

Венецуелската влада соопшти дека ќе ја брани својата сувереност, природните ресурси и националното достоинство „со апсолутна решителност“.

Од друга страна, претседателот Доналд Трамп со доза на триумф ја потврди акцијата, истакнувајќи дека станува збор за „многу голем танкер, најголем досега“ запленет од САД.

На прашањето што ќе се случи со запленетата нафта, Трамп беше директен: „Мислам дека ќе ја задржиме.“

Јавната обвинителка Пем Бонди ја опиша операцијата како заедничка акција на ФБИ, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешна безбедност и Крајбрежната стража, објаснувајќи дека бродот превезувал санкционирана нафта од Венецуела и Иран.

Компанијата „Вангард“ го идентификуваше бродот како „Скипер“, кој според нивните податоци, долго време ја лажирал својата позиција. Танкерот е под американски санкции уште од 2022 година поради наводна вмешаност во нелегален шверц на нафта за Хезболах и Исламската револуционерна гарда.

Локацијата на заплената не е откриена, но овој инцидент е прв од ваков вид за венецуелска нафта од воведувањето на санкциите против Каракас во 2019 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг