Connect with us

Црна Хроника

Апсење во Тетово – МВР со детали

На 13.11.2025 во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Е.К.(33) од Албанија, со престој во Тетово. При претрес во домот во кој живее под наем, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се три пакувања со марихуана. Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Црна Хроника

Скопјанец измамен за 74 илјади денари, еве како…

На 09.12.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско пријави дека во септември 2025 година бил измамен од Б.Н. и Р.„Н“ за сума од 74.000 денари.

Според пријавеното, парите им ги дал да купат материјал од стовариште и да ги довршат градежните работи во неговата куќа, а откако дознал дека материјалот во стовариштето воопшто не е платен, а Б.Н. избегнувал контакт со него, сфатил дека е измамен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Приведен маж од кумановско, го пукал пријателот со пушка

Жител на липковското село Опае е уапсен откако со воздушна пушка го застрелал својот пријател од Куманово, информираше денеска СВР Куманово.

Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот на улицата „Карл Маркс“ во Куманово. Според првичните информации, Б.А. (45) со истрел од воздушна пушка го погодил неговиот пријател Б.Ш. (53), кој по нападот добил тешки телесни повреди.

Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода осомничениот. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање, против Б.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Трагична сообраќајка на автопатот Скопје – Велес: Пет повредени, едно лице со тешки повреди

На автопатот Скопје – Велес, кај клучка Илинден, патничко возило „фолксваген пасат“ управувано од 19-годишниот Л.А. од Скопје излета од коловозот, при што пет лица се повредени.

Сопатникот С.А. се здоби со тешки повреди, додека возачот Л.А. и сопатниците Ф.А., Е.А. и Н.А. имаат телесни повреди. Сите повредени се хоспитализирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увидна екипа од СВР Скопје изврши увид на местото на несреќата, а причините за излетувањето се во тек на расчистување.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг