Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Димитриеска-Кочоска уверува: Граѓаните да бидат спокојни, финансиската политика е стабилна

by Уредник
14.11.2025
in Uncategorized

Изработката на Буџетот за 2026 година претставуваше сериозен и комплексен предизвик, пред сè поради обврската на Владата за фискална консолидација, но со него се продолжува стратегијата за рационално и дисциплинирано користење на јавните средства, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска во гостувањето во Дневникот на Сител.

„Ова е процес кој логично требаше да биде спроведен од претходната влада, особено во услови на висока инфлација. Но, тоа не се случи, па целиот товар падна на нас”, рече министерката.

Димитриеска-Кочоска потсети дека следната година државата треба да врати долгови во износ од 2 милијарди евра, создадени со крајно неодговорно и, како што нагласи, душманско и неконтролирано трошење во минатото, но увери дека граѓаните треба да бидат спокојни.

„Граѓаните можат да бидат спокојни – не станува збор за нов долг. Напротив, целта е стабилизација и консолидирање на јавниот долг, што веруваме дека ќе го постигнеме порано од проектираните рокови.” кажа министерката во гостувањето во Сител.

Како што кажа министерката, приходите се проектирани внимателно и реално, а со економскиот раст постои можност за надминување на планираните бројки. Расходите се прецизно планирани, со јасна аргументација за секое оптимизирање.

Министерката се осврна и на критиките за наводно кратење на социјалната помош, истакнувајќи дека бројот на корисници се намалува како резултат на подобрено управување и интеграција на дел од нив на пазарот на труд. Во исто време, лицата со попреченост остануваат врвен приоритет и се целосно покриени во Буџетот.

Во однос на капиталните расходи, Димитриеска-Кочоска потенцира дека бројките говорат за реални инвестиции. Заклучно со 13 ноември, реализацијата изнесува 22,1 милијарди денари, а по старата методологија достигнува 28 милијарди денари што е за 47,4% повеќе од претходната година.

“Буџетот за 2026 година предвидува 40 милијарди денари за капитални инвестиции, што е реално и остварливо, земајќи ги предвид капацитетите и состојбите на градежниот сектор” кажа Димитриеска-Кочоска.

Министерката нагласи дека Буџетот ги опфаќа сите законски обврски на државата – кон пензионерите, работниците и приватниот сектор. Пензиите ќе бидат усогласени согласно законските обврски, вклучително и априлското зголемување од околу 1.000 денари и редовното усогласување во септември. Минималната плата и сите надоместоци исто така се пресметуваат согласно законската методологија.

„Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен. Граѓаните можат да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна, сите обврски се покриени, пензиите и платите се безбедни, а капиталните проекти навистина се реализираат” кажа министерката.

Next Post
24-годишна девојка од Велес, осомничена дека извршила серија кривични дела во само пет дена

Приведен осомничен за кражба во тетовско, следува кривична пријава

Советот на Прилеп ги усвои измените на Буџетот за 2025 година

Препорачани Вести

(ВИДЕО) ХАОС НА ПАТОТ КАЈ МАВРОВО: Судар на осум возила, петмина повредени – целосен прекин на сообраќајот!

5 months ago

Костадинов не ја исклучува можноста за независна кандидатура: „Ќе одлучам наскоро, со народот и за народот“

7 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.