Connect with us

Економија

ДОМАШНИТЕ БАНКИ НАПРЕДУВААТ – РАСТЕ АКТИВАТА, РАСТЕ И РЕГИОНАЛНИОТ ПЛАСМАН

Шест македонски банки повторно се меѓу стоте најголеми банки во Југоисточна Европа, но на повисоки позиции, обезбедени од растот на нивните активи. И овојпат, на рангирањето за 2024 година, најдобро пласиран македонски репрезент е Комерцијална банка. Листата на SeeNews, исто како и претходно, ја предводи романската Банка Трансилванија. Меѓу најголемите десет банки во Регионот четири се од Романија, три од Бугарија, две од Хрватска и една од Словенија. Всушност, тоа е истата постава како и при рангирањето за 2023 година. Единствената разлика е во сменетите позиции – на четвртото место е романската CEC Bank SA (лани петта), а на петтото место е бугарската United Bulgarian Bank AD (лани четврта).

На листата има три нови банки. Меѓу нив е и новиот сопственик на Стопанска банка Битола – српската ALTA Banka AD. Со активата од 1,04 милијарди евра и растот од 52,28 насто, се наоѓа на 89-то место, а 2024 година ја завршила со профит од 13,7 милиони евра.

За првпат се рангирани и хрватската KentBank(98) со актива од 824 милиони евра (+ 13,19 %) и ZiraatBank BH од Босна и Херцеговина (99), чии вкупни средства изнесуваат 811 милиони евра (+ 11,46 %).

Во првата половина од листата Македонија и натаму е застапена само со најголемата и најстара банкаНЛБ банка е на 51-та позиција, па може да се очекува дека во наредното рангирање ќе го мине прагот.

Генерално, климата во Регионот е поволна за банкарската дејност, според податоците застапени во листата на SeeNews што ги анализира Пари. Во прилог на тоа – од 100 банки, само девет забележале пад на активата.

И на нашиот простор условите се стимулативни за раст и развој на домашните банки. Еве како и зошто се позиционирани на ТОП 100 листата.

Активата од над 2,9 милијарди евра, проследена со годишното зголемување од 9,17 насто, за Комерцијална банка претставува прескокнување на четири скалила, од 45. на 41. место. Освен тоа, со ланските 80,1 милион евра е меѓу 30-те најпрофитабилни банки од оваа листа.

Стопанска банка Скопје го подобрила пласманот за едно место, од 50. преминала на 49. место. Има актива од 2,34 милијарди евра и зголемување од 9,63 насто.

Вкупните средства на НЛБ банка на крајот од 2024 година изнесувале 2,16 милијарди евра, откако претходно нараснале за 13,42 насто, што е сосем доволно за истапување од три места.

Од македонските банки, од аспект на прекланската и ланската позиционираност, најголем е исчекорот на Халк банкаРангирана е на 56., а била на 62. место. Тоа е резултат на зголемувањето од безмалку 16 насто кај активата, која достигнала износ од 1,85 милијарди евра.

За три места напредувала и Шпаркасе банкаод 64. на 61. позиција. Располага со средства во вкупен обем од 1,73 милијарди евра, со годишна промена од речиси 13,2 насто.

Веќе втора година на оваа листа е и Прокредит банка, чија актива е 856 милиони евра, со раст од 4,5 насто. Преклани беше на 98., а сега се наоѓа на 96. место.

Целиот текст на pari.com.mk

Advertisement

Економија

Кратово, Кочани и пет други града со 100% неправилности во УЈП контролите: Каде е најцрно на фискалната мапа на Македонија?

Управата за јавни приходи ги објави резултатите од 266 теренски контроли спроведени во периодот од 1 до 30 ноември 2025 година, насочени кон угостителски објекти, трговци, такси-компании, производствени капацитети, казина и други субјекти. Од вкупниот број контроли, кај 104 субјекти се утврдени неправилности, што претставува сериозен сигнал за ниско ниво на фискална дисциплина во повеќе градови низ државата.

Најновите податоци откриваат драматични разлики по региони: дел од градовите покажуваат исклучително висока дисциплина, додека други буквално „паѓаат“ на секоја контрола. Пресметката на процентуалната успешност – односно соодносот меѓу бројот на контроли и откриените неправилности – покажува дека во неколку општини ситуацијата е алармантна.

Градови со најлоша фискална дисциплина – 100% неправилности

Во седум македонски градови секоја извршена контрола завршила со констатирана неправилност. Тоа се:

Кратово (100%) – 1 контрола, 1 неправилност
Кочани (100%) – 6 контроли, 6 неправилности
Свети Николе (100%) – 1 контрола, 1 неправилност
Дојран (100%) – 1 контрола, 1 неправилност
Делчево (100%) – 3 контроли, 3 неправилности
Берово (100%) – 4 контроли, 4 неправилности

Овие податоци покажуваат дека во повеќе региони системските пропусти се хронични, а непочитувањето на законските обврски е речиси правило, а не исклучок.

Градови со висок ризик – над 70% неправилности

Штип – 81.8%
Гевгелија – 71.4%
Радовиш – 71.4%
Неготино – 66.7%
Струмица – 57.1%

Овие средини не се во категоријата најлоши, но процентите укажуваат дека фискалната недисциплина е распространета и потребни се засилени контроли и поостри мерки.

Средна зона – меѓу 30% и 50% неправилности

Овде се наоѓаат градови со мешана слика, каде дел од субјектите ги почитуваат правилата, но сè уште постои значителен број прекршувања:

Куманово – 46.2%
Гостивар – 41.7%
Кичево – 40%
Охрид – 38.5%
Тетово – 35.3%
Ресен – 33.3%

Овие проценти сугерираат дека дисциплината е далеку од задоволителна, но позитивната страна е што постои значајна група субјекти кои работат според законот.

Градови со ниско ниво на неправилности

Битола – 25%
Прилеп – 20%
Велес – 15.4%
Кавадарци – 15.4%
Скопје – 14.9%

Иако и овие градови имаат утврдени прекршоци, процентите се значително пониски во споредба со останатиот дел од државата, што укажува на подобро усогласување со фискалните правила.

Градови со најдобри резултати – 0% неправилности

Два града се издвојуваат како целосно позитивни примери:
Дебар – 7 контроли / 0 неправилности
Росоман – 3 контроли / 0 неправилности

Овие резултати покажуваат дека фискалната дисциплина може да биде целосно почитувана кога има добра едукација, контрола и соработка меѓу бизнисите и институциите.

Што следува?

УЈП најавува засилени контроли во регионите со највисок процент на неправилности. Санкциите за прекршоците во ноември вклучуваат над 100 глоби за неиздавање фискални сметки, непоседување на фискална опрема, ненаведување дневни извештаи и други сериозни прекршувања.

Фактот што повеќе градови бележат 100% неправилности јасно покажува дека недисциплината е системски проблем, а не поединечен случај.

Continue Reading

Економија

Што се случува во Србија? – Граѓаните масовно купуваат евра, менувачниците не можат да стигнат

Во некои делови на Србија се забележува недостиг од готови евра, а граѓаните масовно ги менуваат своите динари во странска валута, јавуваат локалните медиуми.

Според официјалниот курс на Народната банка на Србија (НБС), едно евро вреди 117,75 динари, но на терен цената е значително повисока. Во Бујановац, на пример, едно евро се продава за 120 динари, а менувачниците предупредуваат дека поради големата побарувачка оваа бројка наскоро може да биде надмината.

Ситуацијата се засилила поради продлабочувањето на кризата со НИС и стравувањата дека НБС може да се соочи со санкции од САД. Граѓаните масовно ги празнат своите штедни сметки и ги менуваат динарите во евра, додаваат менувачите.

НБС, сепак, потврдува дека недостигот на евра во одредени менувачници не значи дека има проблем со понудата на странска валута. Во банките и во Народната банка има доволно готовина, а каналите за снабдување функционираат непречено. Како што објаснуваат, менувачниците често ги снабдуваат едни со други и, во услови на зголемена побарувачка, ја зголемуваат цената на еврата за клиентите.

Во понеделник едно евро се купуваше за 119,5 динари, што е значително повисоко од официјалниот курс на НБС.

Continue Reading

Економија

МБИ10 во пад од 0,15%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 9 декември 2025 година, индексот МБИ10 бележи пад од 0,15%, спуштајќи се на 10.239,85 поени, при вкупен промет од 14,14 милиони денари. Тргувањето беше умерено, со најголем обем на активности кај Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, кои остануваат најликвидни хартии на официјалниот пазар. Индексот ОМБ остана непроменет на 128,73 поени, без реализирани трансакции со обврзници .

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 6.188.910 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 3.053.560 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 2.760.000 денари

Топ добитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,21%

Топ губитници

● Гранит АД Скопје (GRN) –0,51%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –1,99%

● Раде Кончар АД Скопје (RDK) –17,46%

Обврзнички пазар

Во текот на денешната сесија не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана стабилен на 128,73 поени, без промени. Тргувањето на Македонската берза на 9 декември 2025 година се одвиваше со вкупен промет од 14,14 милиони денари и пад на индексот МБИ10 за 0,15%. Најликвидни беа Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, со доминантен удел во дневниот промет. Најголем раст забележа Алкалоид, додека Комерцијална банка и Гранит беа меѓу губитниците на денот. Обврзничкиот пазар остана без активности, со непроменет индекс ОМБ.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг