Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Скопје ќе блесне за Нова година: Градот вложува 70.000 евра за празнична атмосфера

by Уредник
14.11.2025
in Uncategorized

Градот Скопје годинава ќе добие новогодишно украсување и организирана прослава, за што ќе бидат потрошени 70.000 евра, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на седницата на Советот на Град Скопје, на која се расправаше ребалансот на буџетот.

Иако во првичниот буџет за 2025 година не беа предвидени средства за украсување, одлуката е донесена откако поранешната градоначалничка Данела Арсовска не распишала тендери за оваа намена. Претходните години главниот град се украсувал само десетина дена пред Нова година, а јавноста ретко добивала информации за изведувачите и трошоците.

На седницата, советничката од СДСМ, Кети Штерјова, побара објаснување од градоначалникот за изворот на средствата и висината на сумата. Ѓорѓиевски одговори дека точната ставка во ребалансот сè уште не е дефинирана, но дека финансискиот план е рационален.

– За прослава на Нова година ќе има 70.000 евра. Сметам дека тоа е сосема нормално за една достоинствена прослава за скопјани – изјави градоначалникот.

Од Град Скопје најавуваат дека деталите за програмата, изведувачите и концептот на украсувањето ќе бидат објавени во наредните денови.

Next Post

Запленети 2.500 опасни инфузиски сета без дозвола за увоз

Скопје воведува ноќна забрана за изнесување ѓубре: казна 50 евра за прекршителите

Препорачани Вести

Македонија до 19 (жени) поразена со 2:0 од домаќинот Хрватска

Македонија до 19 (жени) поразена со 2:0 од домаќинот Хрватска

10 months ago

Ѓорѓиевски од Волково: Ѓорче Петров се менува на подобро, поддршката е силна и заслужена

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.