Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нетанјаху: Не ми требаат ничии предавања – палестинска држава не доаѓа во предвид

by Уредник
17.11.2025
in Uncategorized
Нетанјаху: Не ми требаат ничии предавања – палестинска држава не доаѓа во предвид

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, заедно со неколку министри од неговата влада, повторија дека остануваат цврсто против формирањето палестинска држава, во пресрет на гласањето во Советот за безбедност на ОН за американската нацрт-резолуција за Газа, кое е закажано за понеделник.

За разлика од претходните верзии, новиот нацрт кој го поддржува мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, отвора можност за создавање палестинска држава – нешто на што официјален Ерусалим со години жестоко се противи.

„Нашето противење на палестинска држава на кој било дел од територијата не се променило“, изјави Нетанјаху на почетокот од редовната седница на владата, додавајќи дека не му се потребни „ничии предавања“ по ова прашање.

Крајнодесничарскиот министер Безалел Смотрич вчера го обвини премиерот дека молчи откако Франција и уште неколку земји во септември ја признаа Државата Палестина.

„Испратете јасен и цврст одговор што ќе му стави до знаење на целиот свет: никогаш нема да има палестинска држава на нашата татковина“, напиша Смотрич на Х.

Друг член на крајната десница, Итамар Бен-Гвир, изјави дека неговата партија „Еврејска моќ“ нема да биде дел од „ниедна влада што ќе прифати“ воспоставување палестинска држава.

Министерот за одбрана Израел Катц и министерот за надворешни работи Гидеон Саар, исто така преку Х, ја повторија својата категорична позиција против палестинска државност.

Американската нацрт-резолуција го поддржува планот на Доналд Трамп, кој на 10 октомври доведе до постигнување кревко примирје во Појасот Газа по две години војна.

Next Post
Почнува операцијата „Јужно копје“? Најголемиот воен брод на светот пристигна на Карибите

Почнува операцијата „Јужно копје“? Најголемиот воен брод на светот пристигна на Карибите

За само половина месец, полицијата во Македонија напишала над 10.000 казни – еве за што најмногу се казнувало

За само половина месец, полицијата во Македонија напишала над 10.000 казни - еве за што најмногу се казнувало

Препорачани Вести

Хрватска вложува 14 милиони евра за американско оружје за Украина преку НАТО

2 weeks ago

Домашното овошје и зеленчук влегуваат во потрошувачката кошничка

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.