Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Имињата на докторите и болниците кои направиле непотребни операции ќе бидат објавени

by Уредник
18.11.2025
in Uncategorized
Имињата на докторите и болниците кои направиле непотребни операции ќе бидат објавени

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека имињата на болниците и лекарите кои непотребно упатувале пациенти на операции на срце и извршиле непотребни интервенции ќе бидат јавно објавени откако ќе заврши конечниот извештај на комисијата.

Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, Алиу појасни дека објавувањето ќе следи по завршувањето на втората фаза од процесот, кога ќе се вклучат и тројца меѓународни експерти.

„Сè уште е драфт-верзија. Надворешните експерти можеби ќе имаат различен наод, па извештајот ќе се анализира уште еднаш заедно со нив“, рече Алиу.

Министерот нагласи дека комисијата брои 15 стручни членови, вклучувајќи лекари од државни и приватни институции, и дека одлуките се носат со мнозинство. За секој случај постојат детални записници, административни и клинички документи, кои се целосно проверливи.

„Еден или два гласа не можат да го променат резултатот. Сите наоди се документирани и анализирани со компјутери и видеобим“, додаде Алиу.

Конечниот извештај ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството, а по неговото добивање ќе се подготви и акциски план за зајакнување на системските механизми и спречување на слични случаи во иднина.

Министерот истакна дека целта е целосна транспарентност и зачувување на довербата во кардиохируршките и васкуларните услуги.

„Крајниот извештај нема да биде само информација за пациентите кои биле скенирани, туку ќе ни послужи како патоказ за измени во закони и креирање на акциски план за зајакнување на здравствениот систем“, изјави Алиу.

Next Post
Трамп подготвен за разговор со претседателот на Венецуела, Мадуро

Трамп подготвен за разговор со претседателот на Венецуела, Мадуро

„Илинден“-Тирана го поздрави отворањето на сите поглавја за Албанија во ЕУ

Препорачани Вести

Повеќе клиники во Скопје добија нови директори

6 months ago

Ужас на аеродром во Англија: Авион се урна и експлодира веднаш по полетувањето

7 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.