Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

РАСТЕ ТРЕНДОТ НА КУПУВАЊЕ НОВИ ВОЗИЛА: ВО ПЕТ САЛОНИ ОСТАВЕНИ СЕ 300 МИЛИОНИ ЕВРА

by Уредник
18.11.2025
in Uncategorized

Автомобилската индустрија во Македонија и годинава продолжи да се движи по брзата лента. Во 2024 година, трговијата на големо со моторни возила бележи значителен раст на приходот, добивката и бројот на вработени, а дури и просечните плати во секторот покажуваат нагорен тренд. Македонците им остануваат верни на европските брендови, особено на германските производители, кои и понатаму ја доминираат продажбата.

Од податоците на Бизнис Мрежа, што ги анализираше порталот Пари, компаниите што се топ 5 на пазарот остварија вкупен приход од 302,9 милиони евра, што е за 17,2 насто повеќе од она што истите тие компании го остварија во 2023 година. Четири од овие 5 компании се и во групата најголеми по профит. Профитот, пак, скокна повеќе од 31,1 милион евра, што е за 56 насто повеќе од нивниот добитен резултат во 2023 година, а тоа е резултат на зголемена продажба, подобра оперативна ефикасност и стабилизирани трошоци на увозниците.

ЛИДЕР ПО ПРИХОД Е ПОРШЕ

Податоците откриваат дека најголем приход во сегментот трговија со нови возила во 2024 година повторно има Порше Македонија ‒ увозникот на реномираните германски марки фолксваген, ауди, порше, како и на чешката шкода и шпанскиот сеат. Со приход од 100,3 милиони евра, компанијата ја потврдува својата позиција на апсолутен пазарен лидер, бележејќи раст од 8,44 насто во однос на 2023 година.

Веднаш зад неа е Мак Аутостар, со 77,3 милиони евра приход и раст од 6,29 насто. Компанијата е и генерален дистрибутер на повеќе автомобилски брендови за продажба и одржување: мерцедес-бенц патнички и товарни возила, унимог, сетра, евобус, ролс ројс, мицубиши фусо, а овластен сервис e на мицубиши. Компанијата го задржува второто место, но со послаб процентуален раст од просекот на пазарот, што укажува на стабилна, но не експанзивна година.

Трет на листата по остварен приход е застапникот на пежо, Еуроимпекс. Граѓаните и фирмите во оваа компанија купиле моторни возила во износ од 56,1 милион евра, со раст од 29,91 насто во однос на 2023 година.

Највисок раст во 2024 година, од 42,46 насто, има остварено Автонова, увозник на ситроен (од 37,8 на 53,9 милиони евра).

Премиум Брандс, иако со помал апсолутен приход, покажува солиден раст од 24,65 насто, што укажува на проширување на пазарното учество, а остварениот промет на оваа компанија е 15,3 милиони евра.

Целиот текст може да го прочитате на pari.com.mk

Next Post

Непозната група ограбила тинејџер во Центар

Испукани куршуми кон жител на Сарај – истрагата во тек

Препорачани Вести

Дебата во албанскиот парламент прерасна во тепачка

Дебата во албанскиот парламент прерасна во тепачка

1 month ago
ОЈО Штип поднесе обвинение за малтретирање во вршење на службата и злоупотреби

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

4 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.