Деловниот свет денес бара брзина, флексибилност и ефикасност како никогаш досега. Galaxy Z Fold7 е уред создаден токму за луѓе кои работат динамично, управуваат со повеќе задачи истовремено и сакаат технологија што го следи нивниот ритам. Еве 5 клучни причини зошто Galaxy Z Fold7 е одличен избор за секој деловен човек и деловна жена.
1. Работен простор по ваша мерка – еден уред, две функции
Galaxy Z Fold7 функционира како телефон и таблет во едно. Кога е склопен, е практичен и компактен за секојдневна употреба. Но штом ќе го отворите, добивате пространа работна површина која ви овозможува да читате договори, анализирате извештаи или пишувате мејлови без напор. За професионалци што постојано патуваат, Fold7 е вистинска мобилна канцеларија.
2. Мултитаскинг како професионалец
Работните денови често бараат повеќе отворени апликации и брзи промени меѓу задачи. Со Multi-Window и Drag & Drop функциите, на Fold7 можете паралелно да:
прегледувате финансиски табели,
пишувате белешки,
водите видеосостанок,
и проверувате документи – и сето тоа на еден екран.
Fold7 е алатка што ја збогатува продуктивноста без да создава хаос.
3. Врвен професионален изглед и силен прв впечаток
Во деловниот свет, првиот впечаток значи многу. Galaxy Z Fold7 со својот елегантен дизајн, високо-квалитетни материјали и премиум изглед остава впечаток на сериозност, самодоверба и технолошка напредност. Тоа е уред што делува деловно, современо и софистицирано – токму како вистински професионалец.
4. Galaxy AI: Вашиот дигитален асистент за секоја задача
Galaxy Z Fold7 е опремен со Galaxy AI, интелигенција која ви ја олеснува работата:
автоматски резимира деловни документи,
создава јасни белешки од состаноци,
преведува разговори и текст во реално време,
ви помага со предлози за мејлови, презентации и анализа.
Со чет-ботот пак Google AI Pro, добивате асистент што работи брзо, точно и неуморно, кој постојано ќе ви помага и одговара на вашите прашања секој ден, во секое време. А ако сакате да се уверите, да ги проверите ВИ функциите во Galaxy AI системот, симнете ја апликацијата Try Galaxy на вашиот моментален телефон и осознајте за какво Galaxy AI искуство зборуваме.
5. Безбедност што деловниот свет ја бара
Со вградениот безбедносен систем Samsung Knox, вашите документи, пристапи, лозинки и деловни комуникации се заштитени на највисоко ниво. А со One UI 8 интуитивниот интерфејс и лесното поврзување преку SmartThings, можете да го контролирате работниот простор, уредите и продуктивните алатки без губење време, бидејќи овој уред создаден за професионалци што сакаат сигурност, флексибилност и максимална контрола.
Паметна одлука за сите паметни професионалци
Galaxy Z Fold7 не е само телефон – тоа е стратегиски деловен партнер. Нуди сериозни перформанси, елегантен изглед, подобрена продуктивност и интелигентни алатки што го подигаат професионалниот имидж. За луѓе кои сакаат да бидат чекор пред сите, Fold7 е паметна инвестиција и вистински бизнис сојузник.
Ајде сите да гласаме за македонскиот филм „Приказната за Силјан“ кој е во трка за престижна Audience Choice награда
Документарниот филм на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“, се наоѓа во конкуренција за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарно кино. Филмот веќе ја обезбеди номинацијата во првиот круг на гласањето, а вториот круг започна денес, со публиката како клучен фактор за изборот на победникот.
„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни филмови од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји. Тимот на Котевска апелира до публиката да ја поддржи Македонија и да ги даде своите гласови за овој филм, истакнувајќи дека секој глас може да има значително влијание врз неговата иднина на светската сцена.
Audience Choice Prize го избира документарниот филм кој најмногу ја освојува светската публика и често претставува предвесник за влез во потесниот избор за Оскар. Гласањето се затвора на 16 декември 2025 во 02:00 часот, а резултатите за тоа дали филмот ќе влезе во потесната листа за Оскари ќе бидат објавени истата вечер во 22:00 часот од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.
Зимскиот притисок на гумите е клучен за безбедност на патот
Со доаѓањето на студените месеци, многумина возачи се фокусираат на замена на зимски гуми, но забораваат на еден од најважните аспекти – правилниот притисок во гумите. На ниски температури, воздухот во гумите се стеснува, што значително го намалува притисокот и влијае на стабилноста, сопирањето и потрошувачката на гориво.
За секои 10 степени пад на температурата, притисокот во гумите паѓа за околу 0,1 до 0,2 бари. На пример, ако есенскиот притисок бил 2,2 бари, при -5 степени истиот може да падне на 1,8–2,0 бари, што ја прави гумата помека и помалку стабилна.
Експертите советуваат во зима да се додава околу 0,2 бари над препорачаната вредност наведена од производителот на возилото. На пример, ако препораката е 2,2 бари, зимскиот притисок треба да биде околу 2,4 бари.
Пренискиот притисок води до полошо држење на патот, подолго растојание на запирање, зголемена потрошувачка на гориво и побрзо трошење на гумите, додека пренадуваните гуми ја намалуваат контактната површина и го зголемуваат ризикот од лизгање.
Стручњаците препорачуваат притисокот да се проверува најмалку еднаш месечно, а најдобро е кога гумите се ладни – три часа по возење или кратко по неколку километри. Со правилно надуени гуми, автомобилот ќе биде постабилен, побезбеден и поефикасен во зимски услови.
Џеф Безос и сопругата донираат 88 милиони евра за бездомниците
Џеф Безос и неговата сопруга Лорен објавија дека ќе донираат 102,5 милиони долари (околу 88 милиони евра) на 32 непрофитни организации низ САД кои работат со бездомници. Средствата ќе бидат исплатени преку Фондот за семејства „Деј еден ден“, кој Безос го основа во 2018 година.
„Можеме да дадеме повеќе од 100 милиони долари оваа година, тоа значи многу за бездомниците“, изјави Лорен за време на гостувањето во емисијата „Добро утро, Америка“. Таа додаде дека донациите ќе им помогнат на семејствата „да се движат во вистинската насока“ и дека ова е само почеток на нивната филантропска активност.
Лорен и Џеф се венчаа во јуни во Венеција, на свадба на која присуствуваа стотици познати личности, вклучувајќи го семејството Кардашијан-Џенер, Опра Винфри и Бил Гејтс. Двојката се запозна во 2019 година, а Безос ѝ предложи брак во 2023 година.
„Среќна сум што го поминувам животот со мојата најдобра пријателка, некој што ме гледа, некој што ме обожава, некој што го обожавам. Се чувствувам безбедно. Се чувствувам видено. Тој ми дозволува да бидам јас“, изјави Лорен пред свадбата за Vogue.